Тим-билдинг на фитнес со стил: Нова димензија на забава!

Уште еден успешен тим-билдинг во срцето на спортскиот и здрав начин на живот во Скопје. Онаму каде што се среќаваат фитнесот и стилот, во Синерџи, се случи уште едно дружење и заедничко вежбање на една од македонските најуспешни компании, Мајкрософт Македонија, кои одлучија своето попладне да го искористат во прилог на своето здравје, убавина и нега на телото.Во множество од позитивна енергија, вежбање, забава и интеракција се даде една нова димензија на слободното време со колегите од работа. Наместо пиење кафе и секојдневна рутина, во Синерџи беше и повеќе од несекојдневно и интересно. Многуте справи за вежбање, големиот простор, понудата на разновидните активности и услуги беа причина плус зошто ваков тим билдинг ќе се памети и применува почесто.
Времето на дружење со колегите на кафе или пијачка полека станува историја. Иднината на тим билдинзите е во здравиот начин на живот, вложување во себе и сопствениот изглед, смеење со пријателите од работно место, како и доживување на нови искуства кои се необични и пред сè, повеќе од забавни.
Освен Мајкрософт, многу наши компании го следат трендот на ваков начин на дружење со своите вработени, давајќи една различна слика за тоа што навистина значи градење на тим и соработка со своите колеги.
Кога работата претставува задоволство, а слободно време е привилегија, тогаш идеалното место за таа синергија е токму Синерџи Фитнес и Спа, каде што здравјето е стил на живеење.
Во множество од позитивна енергија, вежбање, забава и интеракција се даде една нова димензија на слободното време со колегите од работа. Наместо пи

Пронајдете не на следниве мрежи: