Животот на Андон Ќосето

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот, бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Својата дејност ја започнал како терорист на Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.Андон Ќосето е роден во 1855 година во село Голозинци, Велешко. До 16-годишна возраст се занимава со овчарство, заедно со двајцата браќа и дветете сестри. Откако неговиот татко е уапсен и одведен во Солун, се преселил во Велес кај својот чичко.
Во овој град Андон убил истакнат Турчин и избегал во Солун, каде што се приклучува на Македонската револуционерна организација и првично извршува терористички задачи. Се запознал со Даме Груев и добива наредби директно од него. Потоа станува пајтонџијата на доктор Христо Татарчев, со што ја крие својата нелегалната дејност. Во тоа време во Солун пристигнал неговиот постар брат Никола, кој се ставил во услуга на турските власти. Андон Ќосето сам предложил да го убијат брат му, за да не ја издаде организацијата, што и се случило.
Учествувал во ликвидацијата на српскиот ренегат во Солун Пејчиновиќ. Во мај 1898 година по наредба на Даме Груев, заедно со Ицо Џорлев од Кукуш и со помош на гевгелиските раководители Аргир Манасиев, Илија Докторов и Иван Телјатинов, го ликвидираат во Гевгелија пред очите на кајмакамот, Христо Цицов (Цицо), истакнат водач на гркоманската партија во градот, доушник на властите.
За кратко време се вратил во Солун, но морала да стане илегален за да не биде уапсен од властите.
Во текот на Илинденското востание заедно со Ѓорче Петров и Лука Иванов предводи чета во Прилепско. Во село Тројаци се судруваат турски аскер, а потоа се разделува со Ѓорче Петров, Лука Иванов и Пере Тошев и оди во Велешко. Заминувајќи од село Скачинци на 17 октомври со 30 лица четници доаѓа во судир со 500 души турски аскер кај месноста Клепа. Меѓутоа од заднина аскерот бил нападнат од чета составена од 70 души предводена од Борис Сарафов. Во оваа битка загинаале 4 четници и 65 турски војници. Со својата чета успеал да се пробие во ноќта, но на два пати наишол на турски заседи меѓутоа успеал да се извлече.
Погледнете го видеото:Андон Ќосето е роден во 1855 година во село Голозинци, Велешко. До 16-годишна возраст се занимава со овчарство, заедно со двајцата браќа и дветете

Пронајдете не на следниве мрежи: