Светскиот ден на здравјето денеска се одбележува под мотото „Болести кои се пренесуваат преку вектори или вектор преносливи болести“ со напомена „Мал убод, голема закана“.Светската здравствена организација препорачува дека е потребна контрола на преносителите кои се живи организми (комарци, крлежи, песочни муви, болви…) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија.
По повод Светскиот ден на здравјето, Министерството за здравство организира бесплатни превентивни прегледи во сите градови во државата. За таа цел, сите 33 здравствени домови на плоштадите и во парковите во градовите ќе постават пунктови за бесплатни прегледи на кои лекарски екипи на граѓаните ќе им мерат шеќер во крв, холестерол, висина, тежина. Лекари ќе даваат совети за здрав начин на живот, здрава исхрана, а ќе се делат и брошури. Пункт за бесплатни превентивни прегледи во Скопје ќе биде поставен на плоштадот Македонија. Пунктовите ќе бидат отворени од 8 до 14 часот.
Македонското лекарско друштво (МЛД) денеска во Градската општа болница „8 Септември“ организира свечен собир на кој ќе се обрати претседателот на МЛД, Јован Тофоски, ќе биде прочитан реферат на тема „Болести кои се пренесуваат преку вектори“, а ќе бидат доделени и признанија на МЛД.
По повод Светскиот ден на здравјето денеска на Универзитетската клиника за детски болести ќе биде отворена „Игротека-библиотека“ во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци”. Во „Игротека-библиотека“ хоспитализираните деца ќе може да го поминуваат своето време во читање книги. Опремувањето на „Игротека-библиотека“ е донација од хуманитарната акција „Читај книга и подари здравје“ , која се одржа во октомври 2013 година, а на која јавни личности имаа улога на библиотекари и собираа парични средства кои се донираа за Детската клиника.
Книгите се донации од библиотеката, македонски детски писатели, издавачки куќи, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор’’ – Македонија и Меѓународното училиште Нова. „Игротека-библиотека“ ќе ја отворат директорот на Градската библиотека, Бранко Цветкоски и директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова.
По повод Светскиот ден на здравјето, фирмата Слух1 од 10 до 15 часот ќе врши бесплатно тестирање на слухот пред платото на ТЦ Лептокарија. Целта на акцијата е да се подигне свеста на граѓаните за здравствениот проблем кој се однесува на загубата на слухот и наглувоста.
Светската здравствена организација препорачува дека е потребна контрола на преносителите кои се живи организми (комарци, крлежи, пе