Одржана прес конференција за кампањата за превенција од рак на дебело црево “Не смислувајте изговори” 2014

Поставена макета на дебело црево во рамки на кампањата за превенција од рак на дебело црево “Не смислувајте изговори” 2014Здружението „Борка“  во Скопје Сити мол по втор пат постави макета на дебело црево. Целта е на експлицитен начин да ја запознае јавноста со ракот на дебелото црево и кои се начините за негова превенција, рано дијагностицирање, како и современ третман. Граѓаните денес 04.04 и утре 05.04. 2014г. ќе можат да земат едукативни брошури кои содржат корисни информации за превенција, рана дијагностика и современ третман, а истите ќе бидат дистрибуирани преку волонтерите на Здружението.
На 4 април во Плеј Кафе во Скопје Сити мол, Здружението Борка- за секој нов ден одржа прес конфернција за објавување на текот на кампањата за превенција од рак на дебелото црево ” Не смислувајте изговори“.
Претседателот на Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“, Биба Додева рече дека е зголемен интересот за ФОБ тестот, кој бесплатно се добива кај матичен лекар. Таа посочи дека во текот на оваа година треба да се посвети внимание и на ажурирање на новата позитивна листа на лекови.
Проф. Д-р Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје на Македонија го истакна значењето на поставувањето на макетата на дебелото црево кое на експлицитен и јасен начин на јавноста и нуди запознавање со основните информации за ракот на дебелото црево. Проф. Ќосевска потенцираше дека организирале дистрибуција на пропаганден материјал, постери и брошури кои, како што рече, биле еден вид повик до граѓаните и упатство како да го направат тестот, упатство до здравствените работници како да се поврзат во мрежата која се воспостави со цел процесот да се одвива беспрекорно и резултатите од тестовите да бидат внесувани во регистарот за колоректален карцином.
Проф. д-р. Васко Василевски, од Клиничката болница Аџибадем Систина, во своето обраќање зборуваше за ризик факторите, симптомите, за потребата и значењето на скринингот. Во продолжение проф. Василевски се осврна и на потребата од превенцијата и навременото лекување. Професор д-р Василевски, специјалист гастроентерохепатолог, посочи дека ракот на дебелото црево само 10 проценти е генетски, а 90 проценти се резултат на стилот на живеење. Овој тип карцином може да се превенира во ран стадиум, доколку навремено се извршуваат соодветни лекарски прегледи. Тој истакна дека инциденцата и морталитетот за рак на дебело црево е зголемена и дека битен момент за заштита од овој вид на карцином се редовната физичка активност, здрав режим на исхрана, откажување од штетните навики како шушењето и алкохоот и др.
Исто така на оваа прес конференција гостуваше и Милан Ѓорѓевиќ, Потпретседател на Здружението на пациенти заболени од рак на дебело црево и црн дроб, Србија, претставник на Еуропа Колон, Европска асоцијација за борба против рак на дебело црево, споделувајќи го своето искуство со присутните.
Сите заинтересирани граѓани ќе можат да ја посетат макетата на дебело црево во ТЦ Сити мол, Здружението „Борка“  во Скопје Сити мол по втор пат постави макета на дебело црево. Целта е на експлицитен начин да ја запознае ја

Пронајдете не на следниве мрежи: