Видео: Пулс24 со Handball magazine го објавуваат прилогот за Алекс Душебаев и Дејан Манасков

Видео профилот на Алекс Душебаев и Дејан Манасков познати млади и талентирани ракометари на лутите ривали Вардар и Металург, е доказ дека ривалството е само за на ракометните терени.Она што ги поврзува овие двајца спортисти не е само љубовта спрема ракометот и ривалството. Нивните родители, Талант Душебаев и Пепи Манасков оставија незаборавна трага во историјата на ракометот.
Талант Душебаев еден од најдобрите централни бекови во светот на сите времиња, се уште е присутен во овој спорт но како ракометен тренер, а неговиот син е еден од клучните играчи во екипата на Вардар на позицијата десен бек.
 Дејан Манасков левото крило на Металург, е незаменлива алка во ракометната репрезентација на Македонија исто како својот татко своевремено. Пепи Манасков, ракометарот на 20век во Македонија, долги години беше страв и трепет за најдобрите голмани во светот со својот разорен удар, во неговата богата кариера бил член на најдобрите екипи на Балканот и Германија и оставил длабок печат во ракометот.
Алекс и Дејан успешно ги следат стапките на своите родители и со само 21 година се меѓу најдобрите ракометни таленти во светот. И нивните браќа Дани и Мартин исто така се надежни ракометари за кои само времето ќе покаже дали ќе ги следат стапките на своите постари браќа.

Дека ривалството е само за на ракометните терени доказ е и профилот, за Дејан и Алекс кој можете да го погледнете на следниот ЛИНКОна што ги поврзува овие двајца спортисти не е само љубовта спрема ракометот и ривалството. Нивните родители, Талант Душебаев и Пепи Манасков остав

Пронајдете не на следниве мрежи: