Бидете дел од хуманитарната акција „Дедо Мраз на мотор“

На 26.12. 2013 ќе се одвива традиционалната хуманитарна акција „Дедо Мраз на Мотор“.Сите заинтересирани граѓани може да бидат дел од традиционалната акција. Во продолжение прочитајте го соопштението од мото клуб МК МЕЧКИ- кои што се организатори на акцијата.
„Почитувани
Здужение на мотоциклисти мото клуб МК МЕЧКИ во рамките на Општина Куманово, од наше здружување па до денес има реализирано многу хуманитарни акции, од кои позначајни се “Дедо Мраз на Мотор”, крводарителска акција, хуманитарни забави во Касапски Круг, едукација на млади за носење на заштитна опрема за време на управување моторни возила на 2 тркала во соработка со СВР Куманово, како и придружба на МВР и родители на тинејџери во ноќните клубови и кафулиња како превенција за нивната безбедност во доцните часови.
Особено сме горди со нашата акција ,, Дедо Мраз на Мотор” која стана традиција за делње новогодишни пакетчиња на децата од Дневниот центар за грижа на лица со посебни потреби од Куманово со која допринесуваме за еднакви услови за живот на сите граѓани.
По повод одржување на шестта по ред акција “Дедо Мраз” на мотор за релизирање на која ке дадат допринос Јавните претпријатија Приватни стопанственици Невладини здруженија и граѓани Ве покануваме да станете дел од оваа хумана традиција која ке се оддржи на 26.12.2013 во 12 часот.
Со надеж Во вашата хуманост за уште една насмевка на овие прекрасни лица,
Однапред благодарни , МК МЕЧКИ Куманово
Контакт број: 077-911-111
Претседател- Јовица Гиновски“

 Сите заинтересирани граѓани може да бидат дел од традиционалната акција. Во продолжение прочитајте го соопштението од мото клуб МК МЕЧКИ- кои

Пронајдете не на следниве мрежи: