Главниот и одговорен уредник на Сител телевизија Драган Павловиќ Латас денес како гостин имаше свое обраќање на собраниската комисија за заштита на сведоци и презумпција на невисност.Тој пред народните избраници истакна дека во однос на 90-тите години и денес, Македонија денес е поблиску до европските стандарди, а со најавата за донесување на Закон за медиуми ќе бидеме уште поблиску.
-Во однос на слободата на медиумите сметам дека е неетички и неморално, јас сум тука гостин и новинар, да говорат за слобода на информирање политичари кои држеа митинг пред Сител од страна на СДСМ, кои ги напаѓаа новинарите и им се закануваа со 2.000-3.000 луѓе позади себе. Не можат да говорат за слобода на новинари и слобода на јавно информирање и да се повикуваат на европски извештаи кои пред се темелат на изречени или водени судски постапки против новинари од партија која се вика СДСМ. Од партијата има 20 функционери во последните десетина години кои поднеле тужби против новинари за напишан текст, не за сообраќајка или клевета во лична конверзација. Не може да говорат за демократска држава членови на невладини огранизации кои поднесуваат колективни тужби против новинари, истакна Латас во своето обраќање.
Целосното обраќање на главниот уредник на Сител може да го погледнете во видеото во продолжение.
Тој пред народните избраници истакна дека во однос на 90-тите години и денес, Македонија денес е поблиску до европските стандарди, а со најавата за
Пронајдете не на следниве мрежи: