Фото: Како Западот го славеше Осама бин Ладен пред 20 години!

Во број од весникот „Индепендент“, објавен пред 20 години за Осама бин Ладен се говори како за успешен саудиски бизнисмен кој по повлекувањето на војската на СССР од Авганистан вработил муџахедини на голем проект во Судан.Написот на Роберт Фиск под наслов „Антисоветски борец ја изведе својата војска на патот на мирот“, објавен во весникот на 6 декември 1993 годинa, сега по 20 години изгледа неверојатно.
 Осама бин Ладен, чија муџахединска војска, со поддршка на САД, дури неодамна извојува победа врз Русија во 1989 година, со авион ги префрлил своите луѓе, материјал и пари во Судан, наводно поради реализација на проектот на јавни работи.
Запрашан за евентуалното постоење на јавни кампови за воена обука, „саудискиот претприемач“ и иден лидер на Ал Каеда му рекол на Фиск: „Јас сум градежен инженер. Ако имам кампови за воена обука овде во Судан, не би можел да ја вршам оваа работа“.
Написот од „Индипендент“ е впечатлив поради тоа што дава позитивна критика за човекот кој подоцна ќе стане организатор и симбол на глобалниот тероризам.
Еве неколку клучни реченици од текстот на Роберт Фиск, кој сега има 67 години:

„Осама бин Ладен седеше во своето засолниште преполно со злато, додека го чуваа лојални арапски муџахедини, кои се бореа рамо до рамо со него во Авганистан“.
„Со своите истакнати јаболкници, ситните очи и долгата кафена брада, Бин Ладен е симбол на легендарните муџахедини кои се бореа во планините“.
„Тој е срамежлив човек…оженет…со четири жени, но недоверлив кон новинарите“.
Зар не им беше малку несфатливо на муџахедините, прашав, да ги победат Русите, а потоа да завршат градејќи патишта во Судан?
Тие ја сакаат оваа работа, како и јас. Ова е голем проект кој го остваруваме за луѓе во Судан, им помага на муслиманите и им го подобрува животот.
Бин Ладен во Судан наводно требало да ја надгледува изградбата на над 800 километри автопат од Картум до Порт Судан. Фиск напишал и дека Бин Ладен ја донел истата градежна опрема која пред само пет години ја користел за изградба на герилските патишта во Авганистан.Написот на Роберт Фиск под наслов „Антисоветски борец ја изведе својата војска на патот на мирот“, објавен во весникот на 6 декември 19

Пронајдете не на следниве мрежи: