Новинарот Божиновски призна дека контактирал со дел од приведените во „Шпион“?!

Новинарот Зоран Божиновски е еден од тројцата осомничени во случајот „Шпион“ кои засега не се достапни за јавноста. Во изјава за порталот Нова, Зоран Божиновски изјави дека како е возможно да работи за тајна служба кога дневно објавува само десет информации и факсимили. 
„Јас во Македонија не живеам веќе пет години. Живеам на Балканот. За што ме сомничат, кој ме сомничи, поим немам. Јас пишувам со години и објавувам сето она што ќе дојде до мене од мои пријатели, па дури и непрјатели, па дури и непознати луѓе. Значи, она што сметам дека е релевантно јавноста во Македонија и на Балканот да го знае, го објавувам. И на мојот веб портал Буре весник и на моите Фејсбук профили.
Јас добар дел од луѓето што се приведени денеска извонредно ги познавам и комуницирам со години со некои, со повеќето не сум комуницирал повеќе од две и нешто години ама гледам дека се пишува по медиумите дека ова било следено со години.
Јас верувам дека моја вина е тоа што сум објавувал, а не дека… Може и сум соработувал со некоја тајна служба, а јас да не знам. Значи тоа ќе треба во процедура да ме убедат. Значи луѓево ги познавам, нормално, сум комуницирал додека сум живеел во Македонија, после тоа повремено комунициравме меѓутоа немавме таква фреквенција за која овие денеска тврдат… некаква шпионажа, злосторничка група, циркус… Каква црна тајна служба? Како можам јас да работам за тајна служба кога објавувам дневно десет информации и факсимили? како се работи за тајна служба со јавно објавување информации“, прашува Божиновски.
Божиновски во истрагата за случајот „Шпион“ е познат и под псевдонимот „Луди Милојко“. Во изјава за порталот Нова, Зоран Божиновски изјави дека како е возможно да работи за тајна служба кога дневно објавува само десет информации и фак

Пронајдете не на следниве мрежи: