Попдраголевиот зборник или уште попознат како тајната македонска книга за пропаст на светот се наоѓа во Народната библиотека во Белград и потекнува од 13-от век.
Овој зборник бил откриен во 1873-тата година во селото Скутари, кај Скадар Албанија во старо свештеничко семејство. Напишан е на 272 листа, а главниот акцент се става на разјаснувањето на теоријата за пропаст на светот односно се спомнуваат топонимите Струмица, Овче Поле и други македонски места на кои ќе се случува нешто што е предвидено пред седум века во оваа стара македонска книга.
Во првиот дел од овој таен ракопис се соопштува за повеќе владетели кои ќе владеат пред „последните времиња“, но и за доаѓањето на антихристот, додека во вториот дел е раскажана тајната историја за последниот византиски цар Михаил и за второто пришествие.
Претскажувањата во Попдраголевиот зборник се пишувани со мрачно предвестување за се’ она што треба да се случува во иднина, а истовремено тие се опомена до луѓето за исполнување на божјите критериуми.
На почеток се разработени тајните на Богомилите, кои се сметаат за тајни ракописи од Средниот век. Автори на овој дел за тајните на Богомилите се анонимни творци или лажно потпишани веќе познати апостоли и пророци. Во текстовите се вградени елементи на тогашната актуелна култура, но и елементи на христијанското учење со туѓи влијанија. Се претпоставува дека автори, препишувачи, но и читатели на ваквите тајни книги најчесто се токму лица кои припаѓале на богомилското движење.
Постои и дел во овој зборник кој го разработува прашањето што се криело од христијанските верници во тој период. Се пишувале историски и усни преданија, кои дополнувале и објаснувале одредени празнини во таканаречените ‘дозволени’ книги. Многумина црковни автори, како што се, на пример, Свети Јустин Философ, Свети Климент Александриски, Ориген, Евсевиј Кесариски и други приложуваат историско селектирани сведоштва за Исус Христос, за апостолите и за Богородица, црпејќи податоци токму од новозаветните тајни ракописи. Ваквите книги до нивното прогласување за невистинити биле исклучително читани и барани од христијаните. Од некои податоци во тајните книги може да се заклучи дека најбројни корисници на ваквите ракописи во Македонија биле богомилите, па затоа во ваквите ракописи можат да се сретнат епизоди за нивното учење кои ги нема во текстот што се преведувал. Бидејќи биле прогонувани од таканаречените вистински христијани, богомилите се снаоѓале меѓу редови да внесат дел од вистината на христијанството што тие ја знаеле преку други историски извори, кои подоцна се избришани од црквата како неканонски. Сепак, ваквите ракописни книги релативно брзо се распространувале, бидејќи луѓето имале потреба од едноставно толкување на светот.
Оваа книга можеби е еден од многуте докази дека Македонија изобилува со голем број богатства криејќи доста мистерии зад себе кои чекаат да бидат откриени.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Попдраголевиот зборник или уште попознат како тајната македонска книга за пропаст на светот се наоѓа во Народната библ