„Кермес“ – местото во Градскиот парк кое на старите Скопјани им буди убави и среќни спомени.
„Кермес“ беше кафеана изградена во втората половина на 19 век, а урната во 70-тите години на минатиот век, кога настанала трансформација на угостителството.
За многумина „Кермес“ била една од најубавите градби во Скопје, во тој период. Старите Скопјани се сеќаваат на „Кермес“ како место во кое уживале со своето семејство со петок или сабота навечер, а недела доаѓале на ручек. Тие ги опишуваат препрасните кебапи и ладното пиво во кое уживале во текот на топлото лето.
Оние кои во тој период биле сеуште мали, се сеќаваат како си играле околу масите во дворот на кафеаната и во пределот кај бината каде што најчесто се одржувала жива музика.
Денес овој објект не постои, но засекогаш ќе остане во сеќавањата на оние Скопјани кои биле доволно возрасни во тој период и кои поминале убави моменти во оваа скопска кафеана.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
„Кермес“ – местото во Градскиот парк кое на старите Скопјани им буди убави и среќни спомени.