Ослободете се од надуеноста со помош на една билка

Дали честопати чувствувате надуеност во стомакот? Тоа е непријатно чувство кое речиси секојдневно го мачи поголемиот дел од популацијата.Брзата храна и преголемото количество на сол и шеќер делува така што водата почнува да се задржува во организмот, поради што почнуваме да се чувствуваме “како балон”. 
Со други зборови, претераниот внес на масти, соли и шеќери допринесува до задржување на водата во организмот, што во екстремни случаи предизвикува и болести на белите дробови и бубрезите како и артритис.
Но, кога е во прашање само лошиот избор на храна, постои една зачинска билка која може многу да ви помогне, а истата веројатно веќе и ја имате во својата кујна – станува збор за магдоносот.
Кога е во прашање надуеноста, магдоносот се смета за магично растение. Од него можете да направите едноставен напиток кој ќе ја зголеми вашата потреба за мокрење и со тоа полесно ќе ги исфрлите штетните материи од телото.
Во еден литар зовриена вода ставете пет лажички свеж, исечкан магдонос и оставете да отстои околу 20 минути. Потоа процедете.
Чајот можете да го консумирате топол или изладен, но не претерувајте со количината на дневно ниво.
 
 
 Брзата храна и преголемото количество на сол и шеќер делува така што водата почнува да се задржува во организмот, поради што почнуваме да се

Пронајдете не на следниве мрежи: