Трчањето го подобрува помнењето и го штити мозокот од последиците од стресот

Трчањето е лек за подобро помнење, тврдат научниците. Со овој начин на вежбање го штитите делот од мозокот кој е задолжен за учење и помнење од негативните последици на стресот.“Охрабрувачки е да се знае дека можеме да ги победиме негативните влијанија на стресот врз нашиот мозок со тоа што само ќе излеземе надвор и ќе трчаме”, вели Џеф Едвардс, водечки научник на студијата при универзитетот Бригам Јанг. 
Хроничниот или “одложен” стрес ги слабее синапсите во мозокот и негативно влијае на нашето помнење.
“Идеална состојба како да ги унапредиме способностите за учење и помнење е да немаме стрес и да вежбаме. Не можеме да го контролираме нивото на стрес во нашите животи, но можеме да го контролираме нивото на вежбање”, додава научникот.
Истражувањето било направено врз глувци кои биле поделени во четири групи: мирување без стрес, вежбање без стрес, вежбање со стрес и мирување со стрес.
Глувците биле изложени на стресни ситуации, како што се пливање во студена вода или одење по нерамна платформа и слично, но биле подложени и на трчање. Потоа, научниците анализирале како овие ситуации влијаеле врз нивниот мозок.
Било утврдено дека глувците кои биле под стрес имале повисокот ниво на LTP (Long-Term Potentiation) од оние кои не вежбале. Исто така, глувците кои вежбале имале добро помнење, како и оние кои мирувале, но не биле под стрес.
Истражувањето покажало дека вежбањето на ефективен начин ги штити механизмите за учење и помнење од негативните когнитивни влијанија на хроничен стрес врз мозокот.“Охрабрувачки е да се знае дека можеме да ги победиме негативните влијанија на стресот врз нашиот мозок со тоа што само ќе излеземе надвор и

Пронајдете не на следниве мрежи: