четврток, 12 ноември 2026
Најново

Овој пијалок го го зголемува крвниот притисок и го уништува срцето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Здравствените експерти објавија предупредување за учинокот на енергетските напитоци кои се преполни од шеќер, кофеин и различни стимуланси. Научниците тврдат дека пиењето на само еден енергетски напиток ги изложува дури и младите, здрави лица на зголемен ризик од срцеви болести.
Експертите од една американска група за истражување од клиниката Мејо, им дале на 25 волонтери голема лименка, која е достапна во нормалната продажба, енергетски пијалок, во два различни дена. Тие утврдиле дека со пиењето на стимулативен напиток се предизвикува зголемување на крвниот притисок веќе за половина час. Забележани се и поголеми вредности на хормонот норепинефрин во крвта како и растечко ниво на кофеинот.
Сето тоа неодамна беше презентирано на состанокот кој го организираше Американската асоцијација за здравје на срцето. Норепинефринот е хемиска супстанца која го зголемува притисокот и способноста за срцева контракција, го модулира срцевиот ритам и дишењето како одговор на стрес.
Овие акутни промени можат да предизвикаат срцеви проблеми но и предиспозиција за зголемени кардиоваскуларни ризици. Потребни се уште истражувања за да се установи дали овие акутни промени влијаат на зголемувањето на кардиоваскуларниот ризик. Научниците тврдат дека пиењето на само еден енергетски напиток ги изложува дури и младите, здрави лица на зголемен ризик од срцеви болести.

Поврзани вести