четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мини водич како да избегнете мамурлак

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нутриционистката Наоми Меад нѝ открива како треба да се припремиме и храниме доколку сакаме во текот на вечерта да се опуштиме со неколку чаши вино.Доколку ги следите сите совети кои следуваат во продолжение, ви гарантираме дека ќе заборавите што значи зборот “мамурлак”. 
Консумирајте зелен чај во текот на денот
Зелениот чај е одличен за црниот дроб, а со неговото консумирање ќе го припремите своето тело на алкохол
Голема чаша вода пред излегување
Знаеме дека овој совет можеби звучи банално, но доколку сте дехидрирале во текот на денот може да се случи да се опиете и од една чаша вино. Затоа пред да се упатите кон клубот, исцедете половина лимон во голема чаша вода и забавата може да започне.
Јадете нешто пред пиењето
Обезбедете си обилен оброк барем еден час пред консумирањето на алкохол за да ја спречите појавата на мамурлак следниот ден. Погрижете се оброкот да изобилува со здрави маснотии кои ќе го забават функционирањето на алкохолот.
Консумирајте состојки кои се добри за црниот дроб
Додадете куркума, цимет, брокула, авокадо или лимон во вашиот оброк и вашиот црн дроб ќе ви биде благодарен.
Совет плус: Доколку не сакате да се чувствувате надуено, избегнувајте да мешате алкохол и газирани пијалоци. Внимателно одбирајте ги пијалоците и најважно од сè – не мешајте повеќе алкохоли.Доколку ги следите сите совети кои следуваат во продолжение, ви гарантираме дека ќе заборавите што значи зборот “мамурлак”. 

Поврзани вести