Дека децата не можеш засекогаш да ги увериш дека на свет ги донел штркот се увери и една мајка од Медвеј во англиска покраина Кент.Софи Бонс една вечер отишла да ја бакне својата осум годишна ќерка Либи за добра ноќ, но на таблата за цртање видела порака која ја шокирала.
-Те сакам мама. Ти благодарам што имаше секс за јас и Оскар да дојдеме на свет, е пораката која ја оставила малата Либи.
На мајката пораката сепак на крај и била многу смешна, па со 35 годишниот сопруг добро се насмеале.
Тие двајца се родители и на 10 годишниот Оскар.
Мајката објаснила дека Либи најверојатно за секс слушнала од постариот брат кој во училиште има сексуално воспитување како предмет.
Софи Бонс една вечер отишла да ја бакне својата осум годишна ќерка Либи за добра ноќ, но на таблата за цртање видела порака која ја шокирала.



