7 опасни вируси кои се закануваат да го уништат човештвото

Експертите од Светската здравствена организација и американскиот Центар за контрола и превенција на болести во Атланта сметаат дека новата пандемија на грип е веројатна да се случи.Доколку човештвото го погоди вирус, кој по својата убиственост би бил сличен на оној од 1918 година, би умреле меѓу 20 и 100 милиони луѓе.
Според СЗО од почетокот на осумдесетите години се појавиле 39 нови болести, кои во најголем дел преминале од животните на луѓето.
Многу нови вируси кои му се закануваат на човештвото всушност се „стари“, бидејќи кај животните постојат со векови. Најдобар пример за тоа е ХИВ, причинител за СИДА, кој е наследник на СИВ – вирус кој го носат шимпанзата во Камерун. Научниците сметаат дека до трансформација на овој вирус, кој не е опасен за шимпанзата, дошло пред седумдесетина години.
Во продолжение ќе прочитате за некои од најопасните вируси кои екпертите ги нарекуваат „јавачи на апокалипсата“.
ВИРУС ЛАСА – Годишно умираат околу 5.000 лица
Првиот случај на зараза кај луѓето е забележан кај медицинска сестра во нигерискиот град Ласа во 1969 година. Вирусот го пренесуваат глодари во западна Африка, особено еден вид на глувци кои живеат во куќите. Ласа предизвикува повраќање, дијареја и хеморагична треска. Годишно од овој вирус се заразуваат околу 300.000 луѓе, а умираат околу 5.000 лица.
ВИРУС МАРБУРГ – Стапката на смртност е 90%
Вирусот го добил името по германскиот град Марбург каде се појавил во 1967 година кај вработени во една лабораторија работеле на истражување со заразени зелени мајмуни од Уганда. Од марбуршката треска тогаш настрадале 7 лица. Вирусот Марбург предизвикува хеморагична треска, болест обележана со тешки крварења, откажување на внатрешните органи и во многу случаи – смрт. Стапката на смртност кај лицата заболени од овој вирус е 90 проценти. Оваа есен починале во Уганда три лица, додека над 100 се во карантин под лекарски надзор.
НИПА И ХЕНДРА – Опасност скриена во лилјаците
Како инспирација за филмот „Зараза“ во 2011 година послужи токму вирусот Нипа, кој во 1998 година се појавил во истоименото село во Малезија. Овој вирус го пренесуваат лилјаците, а таа година Нипа усмрти илјада свињи, за по неколку недели да починат стотина луѓе. Нипа набрзо се најде во четвртата, највисока категорија на биолошки опасности, што значи дека се проучува во специјални лаборатории во највисоки мерки на безбедност. Блиска роднина на Нипа е Хендра, вирус кој во 1994 година во Австралија од коњ премина на човек и усмрти неколку луѓе. Вирусот Хендра исто така го пренесуваат лилјаците кои живеат во јужна Азија.
КРИМСКО-КОНГОАНСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА – Постои на Балканот
Прв пат е опишана во 1944 година во Крим, а потоа во 1969 година е забележана во Конго. Меѓутоа последните десетина година болеста се појавува во југоисточна Европа, Грција, Албанија, Бугарија, Косово и Србија. Дивите и домашни животни, како на пример овците и говедата се природни резервоари на вирусот кој се смета за еден од профитерите на климатските промени и глобалното затоплување. Заразата се пренесува со убод на инфициран крлеж или директен контакт со крвта на заразеното животно, најчесто при колење. Вирусот кај заразените луѓе најчесто предизвикува блага грозница, но некогаш може да предизвика хеморагична треска и откажување на органите.
ВИРУС ЗИКА – Го пренесуваат тропски комарци
Вирусот е со потекло од Африка, а е наречен по тропската шума Зика во близина на езерото Викторија во Уганда, каде во 1947 година прв пат е изолиран кај мајмуни. Вирусот Зика потоа се проширил долж екваторијална Африка и подоцна во Азија, а пред неколку години и во Америка. Го пренесуваат тропски комарци. Заразата кај луѓето се јавува по убод на агресивна женка комарец. Најголем дел од заразените не забележуваат никакви симптоми, но Зика е многу опасен за трудниците бидејќи заразата со тој вирус може да предизвика раѓање на дететот со микроцефалија. Станува збор за ретко вродена деформација, кај која поради ненормалем развој на плодот во матката, детето се раѓа во помала глава и оштетен мозок.
ДЕНГА ТРЕСКА – Годишно се заразуваат над 50 милиони луѓе
 
Се работи за тропска болест која ја предизвикува вирусот Денга, а ја пренесуваат тропскиот и тигрестиот комарец. Симптомите се висока температира, главоболки, болки во мускулите и зглобовите и осип. Кај тешките случаи може да се јави и крварење кое резултира со смрт. Годишно од Денга треската се заразуваат меѓу 50 и 100 милиони луѓе.
ЕБОЛА – „Резервоар“ се лилјаците
Се појави во 1976 година во едно село низ брегот на реката Ебола во Конго, а потоа се забележани дваесетина епидемии на таа болест во Африка. Најлоша и медиумски најекпонирана беше епидемијата во западна Африка која од 2013 до 2016 година однесе 11.300 животи. Најверојатно „резервоар“ на овој вирус се лилјаците. Луѓето се заразуваат преку контакт со крв, органи или други телесни течности на заразени шимпанза, горива, лилјаци, мајмуни, шумски антилопи и други видови. Симптомите се висока температура, треска, болки во мускулите, главоболки, повраќање и дијареја и на крај обилно крварење, кома и смрт.
 
 
 
 Доколку човештвото го погоди вирус, кој по својата убиственост би бил сличен на оној од 1918 година, би умреле меѓу 20 и 100 милиони луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи: