Иако многу мажи и жени сакаат да пронајдат вистинска љубов и вистински партнер, вистината е дека тие често завршуваат во врска со нарцисоидна личност или психопат. Една студија покажала дека жените не можат да одолеат на мажи кои ги имаат овие мрачни карактеристики.Истражувачите направиле анкета на 90 лица, од 18 до 32 години, кои одговарале на прашањата за машко-женските односи. Врз основа на нивните одговори, ги одредиле нивните особини, а потоа ги пратиле на неколку “брзи љубовни состаноци”.
Според првиот состанок, научниците потврдиле дека дамите биле заинтересирани за состаноци со мажи кои имаат нарцисоидни особини, како машката суета, нарцизам и егозиам. Сепак, припадничките на понежната половина најмногу сакале да излегуваат со момци кои се комуникативни и отворени, за разлика од суетните мажи кои сакаат да бидат во центар на внимание.
“Тоа значи дека привлечноста која жените ја чувствуваат кон нарцисоидните типови произлегува од нивната друштвеност”, изјави еден од истражувачите.
Тие објаснале дека нарцисоидните личности го освојуваат спротивниот пол поради нивната комуникативност. Токму на тој начин привлекуваат внимание и оставаат впечаток за шармантна личност.
Истражувачите направиле анкета на 90 лица, од 18 до 32 години, кои одговарале на прашањата за машко-женските односи. Врз основа на нивните одговори