Забоболката знае да донесе многу нервози и ретко кој може да ја поднесе.Заболените заби болат кога се смеете или муртите, кога јадете или пиете, кога ја мрдате главата во било кој правец, а понекогаш болат и кога дишете, бидејќи во устата влегува ладен воздух и поминува преку болниот заб.
Единствен кој може да ја дознае причината за болката е вашиот стоматолог. Но, некогаш ви треба итно да ја запрете болката, а немате можност да го посетите стоматологот.
Ова се неколку совети со кои може да ви помине болката во забот:
Кокосово масло
Потребна ви е една кафена лажица каранфилче во прав и исто толку кокосово масло.
Измешајте ги состојките додека не се соедини смесата. Смесата можете да ја ставите во мала стаклена тегла и да ја чувате во фрижидер.
Земете мала количина со помош на стапчиња за уши и ставете ја на болниот заб.
По 2 минути ќе почувствувате олеснување, бидејќи каранфилчето содржи силен аналгетик, а кокосовото масло има антибактериско дејство.
Жалфија
Сварете чај од жалфија, оставете го 10 минути да се излади и исперете ја устата со него. Обидете се да го задржите растворот што подолго во устата.
Прополис
Земете малку прополис и ставете го на болното место.
Лук
Ставете мало чешне лук помеѓу непцето и внатрешноста на образот, покрај заболениот заб. Болката брзо ќе исчезне.
Масажа со рака
Земете коцка лед и масирајте со делот помеѓу палецот и показалецот, со раката од спротивната страна на страната на која ве боли забот. Доволно е 5-7 минути.
Масирајте го увото
Со показалецот и средниот прст масирајте го крајот на увото од страната каде што ве боли забот. Масажата треба да трае околу 7 минути.Сепак, сите овие решенија се само привремени, па веднаш штом ќе бидете во можност, посетете го вашиот стоматолог.Заболените заби болат кога се смеете или муртите, кога јадете или пиете, кога ја мрдате главата во било кој правец, а понекогаш болат и кога дишете