Оризот е една од оние намирници кои лесно можеме да ги зготвиме во поголема количина и потоа следниот ден повторно да ги јадеме со нешто друго.Вкусот ќе остане ист и следниот ден за разлика од пржените компири, но тоа што многумина луѓе не го знаат е дека оризот може да се расипе.
Тоа нема никаква врска со начинот на подгревање туку е директно поврзан со начинот на кој го чувате. Оризот на себе има микроорганизми кои многу брзо се размножуваат. Тие можат да предизвикаат и труење со храна па дури и ако оризот е зготвен.
Проблемот настанува кога приготвениот ориз ќе го оставите на собна температура. Во тој случај се размножуваат бактериите кои можат да предизвикаат труење.
Што подолго стои оризот на собна температура толку е поголема концентрацијата на бактериите и поголема можноста да се отруете.
За да се избегне оваа ситуација, немојте да го оставате зготвениот ориз на собна температура повеќе од саат време. Најубаво е да го чувате во фрижидер. Вкусот ќе остане ист и следниот ден за разлика од пржените компири, но тоа што многумина луѓе не го знаат е дека оризот може да се расипе.



