Каиро е најопасната светска метропола за жени, додека Лондон е најбезбеден судејќи според најновото истражување на фондацијата Томсон Ројтерс ке има за цел да ја утврди безбедноста на жените во градовите кои имаат над 10 милиони жители.Истражувањето опфати 19 метрополи и постави прашања за сигурноста на жените во нив.
Главниот град на Египет, Каиро помина најлошо во ова истражување, а за жените е поеднакво опасен и Карачи во Пакистан, Киншаса во Конго и Њу Делхи во Индија.
-Во Каиро се е тешко за жени. Во секој аспект тие се мачат. Дури и во обична прошетка тие се субјект на сексуално вознемирување, без разлика дали станува збор за вербално или физичко, вели Омаим Абу-Бакр, египетски новинар и активист за женските права.
Њу Делхи и Сао Паоло се најопасни кога станува збор за силување на жените, а Владите на двете земји моментно прават агресивни кампањи за заштита на жените.
-Дури по групното силување во Њу Делхи кое го шокираше светот, во овој град се бележи пораст на сексуалното насилство. Иако постојат мерки за одбрана на жените, тоа не е доволно, вели адвокатот Риши Кант од хуманитарната организација која ги поддржува жртвите од силувања.
-Силувателите знаат дека никој нема да ги фати. Затоа мораме да вршиме притисок на полицијата и судовите за тие на адекватен начин да ги казнуваат сексуалните престапници, рече тој.
Истражувањето покажало дека Лондон е најсигурен град за жените, а по него следат Токио и Париз.Истражувањето опфати 19 метрополи и постави прашања за сигурноста на жените во нив.



