Билните масла не само што го подобруваат изгледот и го поттикнуваат растот на косата, туку и го спречуваат нејзиното опаѓање.Лицата кои имаат проблеми со опаѓање на косата можат на неколку едноставни начини да го подобрат растот на косата и да го спречат нејзиното опаѓање. Во тоа најмногу можат да помогнат билните масла кои се наоѓаат во природните шампони.
Најдобрите билни масла против опаѓање се кокосовото, маслиновото, бадемовото масло како и маслото од лаванда и рузмарин.
Кокосово масло
Кокосовото масло е најдобро природно масло против опаѓање на косата бидејќи силно продира во коренот на косата и го штити од сушење. По користење на кокосовото масло, косата ќе биде мека, сјајна и хидрирана.
Масло од рузмарин
Маслото од рузмарин го поттикнува развојот на клетките и ја подобрува циркулацијата, а со самото тоа го подобрува и растот на косата. Ова масло е одлично и за “одлагање” на појавата на првите бели влакна.
Маслиново масло
Маслиновото масло е делотворно бидејќи има способност за продирање во влакното на косата, а содржи и масни киселини и хранливи својства кои го поттикнуваат неговиот раст.
Бадемово масло
Бадемовото масло изобилува со витамините Е и Д, како и магнезиум и калциум. Тоа е богато и со омега-3, омега-6 и омега-9 масни киселини кои помагаат во одржување на цврстината и еластичноста на косата.
Масло од лаванда
Маслото од лаванда е одлично средство против опаѓање на косата, а помага и во лекување на автоимуните болести кои ја слабеат фоликулата. Ова масло има регенеративни својства и помага во спречување на губењето на косата.Лицата кои имаат проблеми со опаѓање на косата можат на неколку едноставни начини да го подобрат растот на косата и да го спречат нејзиното опаѓање