ДОМАШЕН КРЕМ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ГРАДИТЕ

Секоја дама секогаш сака да изгледа подобро и никогаш не е потполно задоволна со својот физички изглед. Доброто парче облека или шминка секогаш се одличен начин за да се подобри изгледот. Но, со вежбање и правилна исхрана секогаш можете вашето тело да го доведете до совршенство, но што кога имате мали гради?Познато е дека градите растат во пубертетот и за време на бременоста. Тоа е благодарение на хормоните. Сигурно сега се прашувате како да ги стимулирате тие хормони да работат. Исхраната, вежбите и одредени надворешни стимуланси можат да ги активираат вашите хормони. Доколку сакате да ги зголемите вашите гради, а противник сте на пластичната хирургија, тогаш овие природни начини се одлични за вас.
Исхрана
За почеток најважно е да заборавите на брзата храна, а да додадете во секојдневните оброци повеќе храна богата со протеини. Газираните сокови заменете ги со чаеви и вода. Исто така во исхраната потребно е да додадете:

лен – содржи големо количество на естроген, па поради тоа се препорачува да се вклучи во секојдневната исхрана

соја и млеко од соја – две чаши млеко од соја дневно и резултатот ќе биде видлив за брзо време

грав и грашок

јаткасти плодови

хмељ

зелка и карфиол

Вежбање
Постојат повеќе вежби кои ќе го стимулираат растот на вашите гради. Меѓутоа, еве една која е добра да се издвои. Градното пливање е одличен начин да ги зајакнете вашите гради, а исто така да го подобрите физичкиот изглед. Пливањето двапати недели со сигурност ќе ви донесе позитивни резултати. 
Овој рецепт можете да го подготвите во вашиот дом. Голем број на креми за зголемување на градите содржат штетни хемикалии, но кога кремот го подготвувате сами, тогаш знаете што употребувате и ќе бидете сигурни дека е здрав. 
Со употреба на овој крем навистина можете да успеете да ги зголемите градите, можеби ќе ви треба подолго време за да се одлучите на овој чекор, но сè е едноставно за подготвување.
Состојки:

свежи растенија: пискавец, семки од ким, сереноа, бенедиктански трн

вотка

Исто така потребни ви се и блендер, стаклена тегла за конзервирање и шишенце со пипета.
Начин на подготовка
Ставете ги растенијата во блендер и убаво измешајте ги. Потоа додадете ги во стаклената тегла. Додадете ја вотката, така што ќе биде 3 цм над нивотот на растенијата. Затворете ја теглата со капак и чувајте ја 40 дена на темно и суво место. На секои три дена протресете ја теглата.
Течноста од лековитите растенија процедете ја низ газа, а потоа ставете ја во шишенцето со пипета. Тоа може да трае неколку години. Со употреба на пипетата ставете една капка на лажица лосион, убаво измешајте и масирајте ги градите. Правете помали количини од овој крем, бидејќи можете да го користите само една недела. Најдобро е течноста да ја мешате со лосион баш во моментот кога планирате да нанесувате. Измешајте мала количина и веднаш потрошете ја. 
Овој крем одлично делува бидејќи растенијата се ферментирани и нанесени директно на градите. Тоа е најбрзиот начин да ги внесете во своето тело, освен да ги јадете. Првите резултати ќе ги забележите за 4-8 недели.
Започнете веднаш!Познато е дека градите растат во пубертетот и за време на бременоста. Тоа е благодарение на хормоните. Сигурно сега се прашувате како да ги стимули

Пронајдете не на следниве мрежи: