Веќе добро знаете дека вашето здравје и убавина зависат и од тоа што внесувате во вашиот организам.Но, кога сме веќе кај убавината, не е доволно само што ставате на кожата за таа да изгледа убаво и негувано. Пред да почнете да консумирате одредени намирници, треба да знаете што е најдоброто за вашата кожа да биде здрава и сјајна.
Домати – доматите содржат ликопен, моќен антиоксиданс кој е одличен во борбата против многу болести. Исто така, тие се богати со витамините А и Ц.
Маслиново масло – маслиновото масло е одличен сојузник на здравјето, но тоа е и одлично за потхранување на кожата и одржување на нејзината еластичност.
Зелен чај – благодарение на антиоксидативните полифеноли, зелениот чај ќе направи чудо за вашето здравје, витка линија, но и кожа.
Брокула – брокулата има докажани антивоспалителни ефекти, а бројни експерти истакнуваат дека таа го забавува стареењето на кожата.
Темнозелен зеленчук – железото и витамините се клучните состојки на овие намирници кои ќе ја направат вашата кожа мека и прекрасна.
Масна риба – масната риба како што е лососот содржи омега-3 масни киселини, здрави масти и витамин Б12, кој допринесуваат за здрава кожа.
Ореви – оревите се богати со масти кои се важни за убава кожа, а освен тоа, тие се одлични и за здравјето на срцето, намалување на холестеролот, зајакнување на мозочните функции и намалување на воспаленијата.
Боровница – овој плод е богат со витамин Ц и Е, растителни влакна и други хранливи материи кои помагаат во потхранување на вашата кожа.
Темно чоколадо – темното чоколадо е богато со антиоксиданси кои успешно се борат против слободните радикали и помагаат во исфрлање на токсините од телото.
Авокадо – ова зелено овошје е полно со хранливи материи кои се одлични за вашата кожа и здравје, па затоа немојте да го изоставате од вашето мени.Но, кога сме веќе кај убавината, не е доволно само што ставате на кожата за таа да изгледа убаво и негувано. Пред да почнете да консумирате одреден