четврток, 12 ноември 2026
Најново

6 предлози за вкусни оброци кои помагаат во елиминација на вишокот килограми

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пробајте ги овие вкусни јадења во кои можете да уживате во вечерните часови, без страв од дебелеење. Совет – лукот, босилекот и сокот од лимон се одлични за подобрување на вкусовите на сите јадења.Печен лосос – испечете филе од лосос (120 гр.) во тефлонска тава на малку маслиново масло. Послужете со печен компир или зелени мешунки. 
Салата со пилешко и зеленчук – (120 гр.) пилешко на грил со зелена салата, краставица, пченка, сок од лимон, маслиново масло и зачински оцет по желба.
Омлет од белки – испржете омлет од три белки и една лажица немасно кравјо сирење. Сервирајте со сезонска салата.
Туна со ориз – пропржете го лукот, а потоа додадете два домати и една конзерва туна. Додадете го и сварениот ориз и сервирајте со зелена салата или салата од зелка. 
Немасно сирење – намачкајте кремасто сирење на двопек или интегрален леб и консумирајте го со салата од зелен лисест зеленчук, зачинет со малку маслиново масло и јаболков оцет.
Шпагети со сос од домати – сварете ги шпагетите во солена вода и процедете. Помешајте ги во сос од домати, лук и црвен кромид, а одозгора нарендајте пармезан. 
 Печен лосос – испечете филе од лосос (120 гр.) во тефлонска тава на малку маслиново масло. Послужете со печен компир или зелени мешунки.

Поврзани вести