Истражувачите од државниот универзитет во Пенсилванија потврдиле дека бадемите се многу корисни во борбата против холестеролот.Со редовното консумирање на бадеми расте нивото на “добриот холестерол”, а со тоа се подобрува кардиоваскуларното здравје и тоа за 19 отсто.
Според една студија која била објавена во списанието “Journal of Nutrition”, бадемите не само што влијаат врз порастот на добриот холестерол туку го подобруваат процесот на елиминирање на лошиот холестерол во црниот дроб.
Во период од шест седмици, истражувачите следеле две групи на пациенти со високо ниво на лош холестерол. Првата група консумирала 43 грама бадеми дневно, што е еднакво на една шака од ваквите јаткасти плодови, додека припадниците на другата група консумирале мафини со банана.
На крајот им било измерено нивото и функционирањето на добриот холестерол и резултатите биле споредени со првичните анализи на крвта, на почетокот на истражувањето.
“Добриот холестерол е како вреќичка која полека станува сè поголема и поголема, бидејќи се храни со холестеролот од ќелиите и ткивата пред да се депонира во црниот дроб”, вели д-р Крис Етертон, еден од авторите на студијата.
Во студијата е нагласено зголемување на созреаните честички на добриот холестерол за 19 отсто кај членовите на групата која консумирала бадеми. Истовремено, учесниците со нормална телесна тежина биле во состојба за 6,4 отсто подобро да го транспортираат вишокот на холестерол во црниот дроб.Со редовното консумирање на бадеми расте нивото на “добриот холестерол”, а со тоа се подобрува кардиоваскуларното здравје и тоа за 19 о