Откако ѝ здодеало да ги гледа ретушираните фотографии од постпородилните тела на социјалните мрежи, една мајка одлучила да ја сподели својата реалност.Кристен Суливан објавила фотографија од себеси, три дена пред да се породи со нејзиното второ дете и фотографија три недели по породувањето, со цел да пренесе важна порака.
“Го споделувам ова за да им покажам на мајките дека понекогаш не е важно дали сте слаби, дали правилно се исхранувате или дали сте вежбале во текот на бременоста, бидејќи понекогаш Вашето тело расте на начин на кој едноставно не Ви дозволува да се “опоравите” во три недели”, пишува оваа мајка.
“Постојано гледам нови мајки кои ги споделуваат своите неверојатни постпородилни фотографии, 11 дена по породувањето, две недели по породувањето итн. И иако е тоа супер за нив, за многу други мајки тоа едноставно не е реално”, додава Кристен.
Кристен Суливан објавила фотографија од себеси, три дена пред да се породи со нејзиното второ дете и фотографија три недели по породувањето, со цел