10 најздрави намирници на светот

Проверете дали во Вашиот дом се крие најздравата храна на светот. Таканаречената “суперхрана” се состои од суперсостојки кои им ги пружаат потребните нутриенти на Вашето тело.Време е да се запознаете со најздравите намирници на светот и со нивната наједноставна и највкусна примена. 
Печурки
Овие вкусни месни намирници се одлична нискокалорична замена за црвеното месо. Печурките го регулираат нивото на естроген кај жените и штитат од рак на дојка.
Брз рецепт: Исецкајте ги печурките на ленти и пропржете ги на маслиново масло. Додадете неколку чешниња лук и вино и гответе сè додека виното не испари. Ова е одличен прилог за печени пилешки гради.
Јачмен
Житарица која е богата со влакна и вистински борец против високото ниво на холестерол. Јачменот е корисен за регулација на дигестијата.
Ореви
Оревите се неверојатна намирница, богата со омега-3 масни киселини кои го намалуваат лошиот и го регулираат добриот холестерол.
Брз рецепт: Со цел да го извлечете најдоброто од оваа намирница, не Ви е потребна никаква припрема. Едноставно помешајте една шака ореви, суви смокви и семе од анис и ќе добиете енергетска бомба која можете да ја консумирате во замена за десерт или помеѓу оброци.
Интегрални тестенини
Интегралните тестенини содржат три пати повеќе влакна од било кои други тестенини. Целите житарки се здрави за Вашиот организам и дигестија.
Брз рецепт: Пропржете малку лук на маслиново масло и додадете една конзерва туна, пченка и сецкани домати. Додадете ги однапред сварените интегрални тестенини и послужете со рендан пармезан.
Путер од кикирики или бадеми
Овие намирници изобилуваат со протеини, а исто така содржат и мононезаситена (олеинска) масна киселина која го чува здравјето на срцето. Ваквиот путер можете да го подготвите и дома.
Брз рецепт: Помешајте 2 лажици пржени кикирики или бадеми, една и пол лажичка масло, пола лажичка кафеав шеќер и прстофат сол. Доколку сакате поблаг путер, додадете малку мед.
Киноа
Киноа не е житарица, туку семе од билка која е сродна на спанаќот. Таа е богата со протеини, аминокиселини, растителни влакна, фосфор, магнезиум и железо, кои му пружаат енергија на телото.
Брз рецепт: Со оглед на тоа што киноата е прилог кој одговара со сите јадења, припремете ја наместо ориз или компири. Киноата е одличен додаток во јадењата со месо и варен зеленчук.
Обрано млеко
Обраното млеко содржи 9 есенцијални нутриенти меѓу кои се и калциум, Б витамин кој е добар за невролошките функции и витаминот Д кој е моќен борец против ракот.
Брз рецепт: Зачинете го Вашето утринско кафе со овој напиток, со екстракт од ванила и цимет.
Боровница
Ова суперовошје е богато со влакна и е одличен антиоксиданс кој е корисен за јакнење на крвните садови. Боровниците се одличен извор на витамин Ц, биофлавоноид, фолна киселина, калиум, калциум и железо.
Брз рецепт: Сладоледот од ванила или јогурт прелијте го со ова вкусно овошје и ќе добиете здрав десерт.
Булгур
Булгурот е половично зготвена, исушена и здробена пченица која изобилува со железо, фосфор, цинк, манган, селен, магнезиум, калиум и витамин Б. Тој е исклучително добар за дигестивниот систем, а помага и при запек, дивертикулоза на дебелото црево, срцевите болести и ракот.
Брз рецепт: Токму како и оризот, тестенините и веќе споменатата киноа, булгурот е вкусен и неутрален прилог кој можете да го комбинирате со сите јадења.
Леќа
Леќата се вбројува во групата на зрнести мешунки. Таа не содржи заситени маснотии, а е одличен извор на растителни влакна. Позната е како енергетски вредна намирница поради големата концентрација на витамин Б и големата количина на јаглехидрати.
Брз рецепт: Леќата одлично одговара со домат, лук, кромид, месо, сувомеснати производи, маслиново масло и овчо и козјо сирење, а од неа можете да направите вкусно вариво или прилог за месо.
 Време е да се запознаете со најздравите намирници на светот и со нивната наједноставна и највкусна примена. 
Печурки
Ов

Пронајдете не на следниве мрежи: