Пет вида масни наслаги на стомак кои не се предизвикани од вишок килограми

Стомакот е еден од деловите на телото кое е најтешко да се обликува. Тренерот Џејмс Дуиган наведува кои се петте различни видови на масни наслаги на стомакот и како да се ослободиме од нив.
 
1. „Јастучиња“ од страна

Овој стомак е од претерано седење, јадење слатки и јахлехидрати, но и од конзумирање алкохол во големи количини. Умерено пиење алкохол, вежбање, конзумирање јајца, немасно месо, лешници и риба ќе ви помогнат да се решите од овој стомак. Исто така, долгите прошетки се добредојдени.
 
 
2.Стомак од стрес

Масите се околу папокот, а стомакот е дебел и цврст. Хроничен стрес, честото прескокнување оброци, премногу кафе и нездрава храна најчесто доведуваат со ваков стомак. За да се решите од овие масни наслаги се препорачува рано легнување и опуштења пред сонот и внесување на магнезиум кој се смета за релаксирачки минерал. Јога, истегнување и чај од камилица исто така помагаат, бидејќи ќе го намалат кортизолот и ќе му помогнат на телото да се смири.
 
3. Истурен долен дел од стомакот

Овој стомак е карактеристичен за слаби луѓе, а го предизвикуваат бременост, монотони и претерано напнати вежби во сала за вежбање и крив ’рбет.
Здрава диета и многу храна богата со влакна, вежбање кое ги опфаќа сите делови на телото и мускулите, како и внесување на многу вода.
 
4. „Мајчински“ стомак

По породување, стомакот и понатаму изгледа како да сте бремени. Треба да знаете дека е потребно шест недели матката да се врати на своето место по породувањето. Подобро е да се почека два или три месеци по породувањето пред да се почне да се вежба.
Рибино масло, здрави маснотии кои се наоѓаат во маслата, маслинки и ореви се храната која што ќе помигне во намалувањето на стомакот.
 
5. Надуен стомак

Ваков стомак наутро е рамен, но расте во текот на денот, иако не сте се прејале.
Алергија на храна или дисбаланс на цревната флора се некои од причините за овој стомак. Престанете да ја конзумирате храната која не ви одговара, не прескокнувајте појадок, а во исхраната вклучите зеленчук, месо, пилешко и риба.

Стомакот е еден од деловите на телото кое е најтешко да се обликува. Тренерот Џејмс Дуиган наведува кои се петте различни видови на масни наслаги

Пронајдете не на следниве мрежи: