Кога станува збор за училишни проекти, некои родители даваат се од себе за нивното дете да има најдобар пронајдок во училиштето. Така направи и Џон Стодард, кога за ќерката направи неверојатен вселенски брод од картон, со кој ги изненади сите ученици и наставници во училиштето.Стодард направи реплика на вселенскиот брод од култното продолжение на Војна на ѕвездите од 80-тите „The Empire Strikes Back“.
– Учениците и родителите на крајот на секоја година од картон и други материјали прават автомобили или вселенски бродови во кои ќе седат нивните деца и ќе гледаат филм на последниот ден од училишната година. Мојата ќерка веќе го држи рекордот во овие пронајдоци, рече Стодард, пренесува Кликс.
За креирање на вселенскиот брод, Стодард користел картон, селотејп и гумирана лента со кои ги зајакна разните делови и агли. Откако го креирал телото на бродот, го обоил во сиво со неколку портокалови ленти. На крајот тој додаде и неколку оштетувања за да изгледа бродот токму како од Војна на ѕвездите. Резултат е неверојатно среќно шестгодишно девојче.Стодард направи реплика на вселенскиот брод од култното продолжение на Војна на ѕвездите од 80-тите „The Empire Strikes Back“.