Мајка по 22 години дознала дека ќерката која ја израснала не е нејзина

Дорис Грунвалд и нејзината мајка Евелин добија отштета од 30.000 евра од болницата во Грац, откако беше откриено дека на Евелин при породувањето случајно и го замениле детето., објави „Сан“.Работите се разоткриле откако Дорис отишла да донира крв, при што дознала дека има друга крвна група сосема поразлична од нејзините родители. Потоа направија ДНК тест и дознала дека не е во крвно сродство со родителите.
– Цело тело ми се тресеше, чувствував како да го губам тлото под нозете, изјави Дорис откако дознала дека 22 години ја чувале други родители.
Евелин, пак, изјави дека сето ова е голем шок за неа и нејзината ќерка.
– Но, уште од почетокот знаевме дека нас ништо нема да не раздели и дека ќе останеме мајка и ќерка. Ова дете е најубавата работа која некогаш ми се случила, рече таа.
Дорис се уште не знае кои се нејзините биолошки родители, а Евелин кое е нејзиното биолошко дете.
– Имаше 15 предвреме родени деца од кои и неколку близнаци, така што дел од нив влегуваат во најтесниот избор, изјави Евелин, која предвреме се породила во 1990 година.
Таа додаде дека болницата одбила да и даде попис на имињата поради заштита на приватноста.
– Секогаш кога ќе видам некои кој ми се пријатни, се прашувам дали тоа ми се родителите, тоа  прашање секогаш е присутно во мојата глава, рече Дорис, додавајќи дека сешак Евелин е „нејзина мајка и секогаш ќе и биде“.
Кога цела приказна беше обелоденета, неколку жени кои се породиле во исто време кога и Евелин, доброволно биле на ДНК анализа, а како се ќе се заврши ќе дознаме допрва.Работите се разоткриле откако Дорис отишла да донира крв, при што дознала дека има друга крвна група сосема поразлична од нејзините родители. Потоа

Пронајдете не на следниве мрежи: