четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сакала да има 450 килограми, но плановите и се промениле поради бременост

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Моника Рајли (28) од Тексас, сакала да стане најдебела жена на светот, но една непланирана вест сепак и ги променила плановите.Таа имала желба да достигне тежина од 450 килограми, па дневно внесувала по 7.000 калории. Некогаш тој број достигнувал и до 8.000. На ден јадела по десет хамбургери, 30 пилешки медаљони, шест колбаси во пециво, тестенини, сладолед, колачи…
Вереникот и помагал во исхраната, хранејќи ја со лажица.
– Целта ми е да достигнам тежина од 450 килограми. Сакам да бидам најдебелата жена на светот и да станам неподвижна, да се чувствувам како кралица, изјави тогаш Рајли.
Но, нејзините планови се променија кога дознача дека е бремена. Сега, Моника се труди да ослабе, за да успее да се носи со улогата на мајка.
За десет недели изгубила 90 килограми и се пофали дека со самото тоа сексуалниот живот и е подобар. Пред оваа бременост, Моника имала два спонтани абортуси.
– Сфатив дека моите прехранбени навики се ужасни и чувствував вина поради абортусите. Откако дознав дека сум бремена, знаев дека морам да променам се од корен. Почнав да внимавам што јадам, вежбав и се грижев за своето тело, изјави таа.
Моника сега дневно внесува 2.000 калории и тврди дека сега сфатила дека сака здрава храна, како овошје, зеленчук и житарици. Истакна и дека планира детето да го храни здраво, за да биде среќно и активно.
Нејзиниот вереник Сид изјави дека во Моника е заљубен како првиот ден и дека него килажата во никој случај не му била важна
 Таа имала желба да достигне тежина од 450 килограми, па дневно внесувала по 7.000 калории. Некогаш тој број достигнувал и до 8.000. На ден јадела п

Поврзани вести