Секој од нас има денови кога не сака ништо да работи, со никого да се дружи, туку само сака да се затвори во соба и да тагува. Па сепак, ако тие денови ви се чести, еве неколку совети како да си помогнете.Вежбајте – на овој начин ќе го зголемите бројот на срцеви отчукувања и со тоа ќе го зголемите нивото на серотонин (хормон на среќата)
Јавете се на пријател – не очајувајте во самотија – познатиот мил глас од другата страна на жицата понекогаш може многу да ве орасположи.
Читајте – книгата, доколку има интересна прказна може да ви ги оттргне мислите од сопствените проблеми.
Изедете нешто – овошје, чај може инстантно да во го поправат расположението ако нивото на шеќер во крвта во е премногу ниско.
Излезете во природа – шетањето покрај река, шума или во село е секогаш добредојдена активност и за телото и за духот.
Отспијте – понекогаш сонот е токму тоа што ви недостига. Доволни се само 15 минути за да се почувствувате подобро.
Исплачете се – нема ништо подобро од добро исплакување – овој издувен вентил ќе ја елиминира одредената количина на токсини од телото.
Вежбајте – на овој начин ќе го зголемите бројот на срцеви отчукувања и со тоа ќе го зголемите нивото на серотонин (хормон на среќата)



