Над 1.000 маскирани од земјава и странство денеска дефилираа во центарот на Прилеп, на булеварот „Гоце Делчев“ и на плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ на меѓународниот карневал „Прочка 2017“.Дефилето на плоштадот го отвори препознатливата прилепска маска „Мечкари“.
Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески карневалот прерасна во бренд на Прилеп и Македонија.
– Денеска на карневалот „Прочка дефилираат преку 1.000 маскирани од Прилеп, земјава и гости од Италија, Бугарија, Албанија и од Србија. На карневалот има мнолгу креативни маски и ова е своевиден спектакл. „Прочка“ е туристички бренд не само на Прилеп туку и на Македонија нека е за многу години и нека ни простат сите ако сме им згрешиле, рече Ристески.
За Ванчо Ѓеоргиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“ е многу битно и што прв пат се одржа Меѓународна конференција на етнолозите од Србија, Бугарија и од Македонија за карневалските традиции на Балканот, а за прв пат дојдоа организирано и туристи од Бугарија.
– Прилепскиот карневал „Прочка“ прераснува од европски и во светски. Многу е важно што етнолозите од Балканот вчера дебатираа на првата научна конференција за карневалските традиции и маскирањето на Балканот со што ќе остане и пишан документ, а веќе на овој карнев ни пристигнаа организирано и туристи од Бугарија, прв пат со што ефектот се развива и карневалскиот туризам, рече Георгиев.
Низ булеварот „Гоце Делчев“ дефилираа, а на плоштадот „Методија Анднов Ченто“ се претставија маските од земјава и од странство. Здружението „Прочкари“ претстави и оригинална маска насловена „Астерикс и обелиск от Прилеп“.
Стручно жири ќе ги прогласи и најдобрите маски на годинашниов карневал, а според традициите утре во манастирот „Свети Ѓорѓија“ прилепските касапи кои се автори на препознатливата прилепска маска „мечкарите“ за гостите ќе го приредат традиционалниот посен ручек.Дефилето на плоштадот го отвори препознатливата прилепска маска „Мечкари“.
Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески ка