Слушајте ги постарите од себе,бидејќи нивните искуства се злато вредни особено кога сте болни.
Некако секогаш побрзо оздравуваме кога нашите баби ни готват супи и посебни чаеви. На тоа и најчесто се сеќаваме дури кога ќе се разболиме, но постојат работи кои сме ги заборавиле а можат да ни решат безброј проблеми и да ни ги скратат болките.
Повеќето од вас најверојатно сте ги заборавиле овие два начини кои водат до здравје.
Гаргара со солена вода
Додека сте настинати најчесто грлото најчесто ви е суво и затоа е потребно постојано да го навлажнувате. На тој начин се смирува иритацијата на слузокожата и се намалува болката.
Најдобар ефект можете да постигнете така што ќе правите гаргара со солена вода. Растворете лажица сол во 300 мл млака вода,исперете го грлото со гаргара и веднаш ќе почувствувате олеснување. Солта ќе допринесе и апсорбција на течноста во ткивото
Подигнати перници
Спиењето на ниска перница во текот на настинката не е ни малку пријатна,а може да предизвика и задржување на секретот во бронхиите ,што значително го отежнува дишењето.
Кога лежите на повисока перница ќе си го олесните дишењето ,се намалува притисокот на синусите и на тој начин се овозможува на секретот полесно да се спушти.
Превенцијата е мајка на здравјето!
Некако секогаш побрзо оздравуваме кога нашите баби ни готват супи и посебни чаеви. На тоа и најчесто се сеќаваме дури кога ќе се раз