-Ме прашувате како е да се биде самохран татко? Не сум никаков педагог или психолог, некој магионичар, гуру или што знам друго, но со задоволство ќе ви го раскажам моето гледиште и искуство на темата самохрано родителство.Самохран татко – доволно е на било кого на улица да му го кажете тоа за да ве погледне чудно. Сигурно нема „од прва“ да ве разбере, бидејќи детето треба да биде со мајката според некои непишани правила. Со неколку пријатели многу се карав околу тоа (јасно ви е дека двете беа самохрани мајки).
Со време ќе се изморите од објаснувања и ќе се препуштите – нека покаже времето. А сите ваши непроспиени ноќи, дали поради грчеви, заби, температури, сите ваши пролеани солзи, грижи, немири, хаоси, ломови во душа, во главата, тоа никому не го кажувате. И зошто? Дали останатите знаат што треба да му одговорите на детето кога ве испрашува? Ниту самите не знаете што е најдобро, а маж сте. Сите велат за нас мажите дека не знаеме добро да лажеме.
И што ви останува друго? За да избегате од сопствените мисли, проблеми и сите оние кои се чудат и ве прашуваат, единствено ви преостанува да се свртите кон детето. Да го набљудувате, да го слушате, чувствувате, да го разбирате, да ги баталите сите и да му се подредите на него.
Да, немаат само мајките „мајчински инстинкт“, го имаме и ние татковците, само треба да знаете како да се активира ако сам „не се покрене“. А токму поради тој инстинкт, ние сме и мајки и татковци.
Сѐ е полесно кога го имате сето тоа. Штом сте тука за вашето дете и тоа е тука за вас, кога сте 100% подготвени да го направите среќен оној којшто ве сака и оној којшто ве сака вас.Самохран татко – доволно е на било кого на улица да му го кажете тоа за да ве погледне чудно. Сигурно нема „од прва“ да ве разбер