Осум најзлобни работи што човекот ги создал: Една од нив имате кај себе или ја држи оној до вас!

Човештвото во последните 100 години оствари фасцинантен технолошки напредок, но, за жал, заедно со големиот развој расте и човековиот потенцијал за самоуништување.Сарин: Се смета за оружје за масовно уништување. Забранет е во 1993 година, но се користи и после тоа. Овој нервен гас доведува до гушење заради неможност на контрола на градните мускули и белите дробови.
Иперит: Кога гледате фотографија од војник од Првата светска војна со гас маска, голема е шансата дека во близина е користен иперит. Контактот со овој опасен т.н. „сенф плин“ може да доведе до изгореници, слепило, оштетување на респираторниот систем, рак.
Пластика: Иако се чини како безначаен материјал, одамна се покажа колку таа е штетна за околината. Овде не е потребно објаснување. Океаните се загадени со најмалку 160 милиони тони пластика.
Азбестна изолација: Азбестот е комбинација од шест силикатни материјали и беше масовно користен како изолација на куќите од крајот на 19 до средината на 20 век. Ако се оштетат, влакната на азбестот можат да предизвикаат фатални болести.

Нагазни мини: Многу години по завршувањето на војните, недолжни лица нагазуваат на мини. Се проценува дека тие се одговорни за повеќе од 4 илјади смртни случаи годишно.
Agent Orange: Се работи за суперотровен хербицид, со кој се уништувани лисјата во шумите на Виетнам, за војниците да не можат да се скријат. Последиците од овој отров се чувствуваат и денес, а заради него околу половина милион деца се родени со инвалидитет.
Оловни производи: Боја, бензин, стари играчки, водоводни цевки: Сите овие работи имаат нешто заедничко: Екстремно се опасни и штетни за околината. Иако треба да се биде во допир со екстремно високо ниво на олово за да дојде до фатални последици, труењето со олово може да доведе до халуцинации, губење на слухот, несоници, оштетувања на бубрезите, делумно слепило и депресија.
Цигари: Сите знаеме дека никотинот е штетен, а ете, на човекот му текнало да направи мал цилиндричен извор на тешки болести. И покрај добро познатото лошо влијание што никотинот го има врз здравјето, годишно компаниите трошат над 8 милијарди долари за рекламирање на своите производи.Сарин: Се смета за оружје за масовно уништување. Забранет е во 1993 година, но се користи и после тоа. Овој нервен гас доведува до

Пронајдете не на следниве мрежи: