ПОДОБРО И ОД ТАБЛЕТИ: Рецепт за најстариот лек против менструални болки

Менструалниот циклус кај жената постоел многу време пред лекарите да смислат лек за болката предизвикана од овој месечен период. Токму народната медицина била таа по која посегнувале жените. Ви претставуваме лек кој ќе ве спаси од таблетите, но и од болките.Овој лек е многу поздрав да се консумира, отколку хемикалијата во таблетите. Еден од подобрите лекови е оној со рицинусно масло. Маслото од рицинус се користело против болки уште во древниот Египет и Грција. Во комбинација со топлина, се активира и впива во кожата при што максимално ги опушта нервите и мускулите, но и ги намалува грчевите и болките.
Облог од масло од рицинус против менструални болки
Потребно ви е:
Масло од рицинус
Термофор
Тенка памучна крпа
Постапка на нанесување:
Намачкате го маслото на долниот дел на грбот (половината) и тоа во дебел слој. Легнете на стомак, а масниот дел покријте го со крпата, додека топлиот термофор ставете го врз крпата да делува 15-20 минути. Тргнете го и по потреба може повторно да го ставете додека маслото не се впие.
Совет: Облогот исклучиво ставајте го на грбот, бидејќи топлината од термофорот може да биде преагресивна за јајниците. Маслото може да го намачкате и на стомакот, но тогаш треба да ја загреете крпата и да се впива маслото без термофорот речиси 30-45 минути. Ако пак веќе сакате да го ставите термофорот на стомак, мора да биде само млак, а не жежок.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Овој лек е многу поздрав да се консумира, отколку хемикалијата во таблетите. Еден од подобрите лекови е оној со рицинусно масло. Маслото од рицинус

Пронајдете не на следниве мрежи: