Експертите објаснуваат: Што точно се случува во телото откако ќе престанете да земате пилули за контрацепција?

Кога почнувате да ги земате вообичаено менструацијата станува помалку обилна, болките и грчевите поублажени, а секако и многу помалку се грижите за тоа дали сте во блажена состојба.Но, што точно се случува кога ќе престанеме да ги пиеме контрацептивните пилули?
Експертите од Woman’s Health објаснуваат кои се последиците од престанувањето со консумација на пилулите и како точно тие влијаат на нашето тело.
-Обилни крварења за време на менструацијата и посилни грчеви: Ако сте имале силни крварења и болки пред да ги земете пилулите, големи се шансите дека тоа ќе се врати и по престанувањето со нив. Инаку, до намалување на болките при земање на пилулите доаѓа заради тоа што високото ниво на прогестерон и естроген во пилулите ја спречува овулацијата, заради која жената чувствува болки.
-Слабеење: Науката тврди дека третина од жените губи килограми, третина накачува, а третина останува на истата килажа за време на земањето на пилулите. Постојат неколку причини за ова, како на пример хормоните, исхраната или задршката на течности, но и тоа што повеќето жени полнуваат да ги земаат пилулите додека се уште се во развој. Но, по престанувањето на земањето на пилулите повеќето жени забележуваат мало губење на килограмите, што најчесто е само губење на водата во телото.
-Градите се смалуваат: Ако градите малку ви пораснале за време на земањето на пилулите, тоа е заради гореспоменатите хормони прогестерон и естроген. По престанувањето секако тие се враќаат на првобитната големина, но овој симптом не е случај кај сите жени.
-Телото почнува да лачи повеќе течности: Телото лачи многу помалку вагинален исцедок додека се консумираат пилулите. Оваа сосем нормална појава се враќа по престанокот.
-Зголемена желба за секс: За време на земањето на пилулите за контрацепција, жените најмногу се жалат на намалена желба за секс. Иако тоа не им се случува на сите, причинител се повторно хормоните. Желбата за секс е условена од нивото на хормонот тестостерон, чие зголемено лачење ја зголемува и сексуалната желба, а врз кое некогаш влијаат овие пилули со тоа што го намалуваат.

-Симптомите на ПМС можат повторно да се влошат: Спремете се за повторно влошување на симптомите на ПМС доколку престанете со контрацептивот. Тие се различни кај сите жени, но најчестите симптоми се зголемена глад, промени на расположението, болки во градите и многу други симптоми.
-Повторно ја чувствувате (и гледате) овулацијата: Некои жени знаат точно кога овулираат, заради непријатното чувство, но и забележуваат посилен вагинален исцедок, а некои  чувствуваат дури и засилена желба за секс.
-Враќање на акните: Некои жени се одлучуваат да ги земат овие пилули токму за да се ослободат од акните. Кога ги земате пилулите, се намалува нивото на тестостерон во телото, а тоа ја спречува и појаватна акните. Но, тоа ниво се зголемува по престанувањето со пилулите и резултатот е враќање на акните.
-Полесно ќе забремените (очигледно): Освен ако по престањето со консумирање на пилулите не почнете да користите некој друг облик на заштита, прилично е очигледно дека шансите да забремените ви се поголеми.Но, што точно се случува кога ќе престанеме да ги пиеме контрацептивните пилули?
Експертите од Woman’s Health објаснуваат кои се посл

Пронајдете не на следниве мрежи: