Ако на пример вечерта ја поминавте плачејќи покрај тажна филмска приказна, наутро со гаранција ќе се разбудите со подочници, колку и да сте наспани во текот на ноќта.Подочниците се главни виновници за „комплиментите“ од типот „изгледаш уморно и исцрпено“. Па поради тоа, објавете им војна на вреќичките под очите и темните агли околу очите. За да ги победите подочниците, прв и најважен чекор е да ја откриете нивната причина за појава.
Ако на пример вечерта ја поминавте плачејќи покрај тажна филмска приказна, наутро со гаранција ќе се разбудите со подочници, колку и да сте наспани во текот на ноќта.
„Причина е осмозата. Водата секогаш патува од делови на телото во кои е ниска концентрацијата на сол кон ткивата каде има повеќе сол. Принципот е ист, без оглед на тоа дали станува збор за сол од солзи или за сол од солен намаз“, објаснува дерматологот Валери Голдбурт. Според тоа и солзите и солената храна предизвикуваат утрински отоци под очите каде кожата е нежна и тенка па на неа најмногу влијае протокот на течности во организмот.
Формирањето на темни кругови настануваат и од лоши навики како што е честото триење на очите, одењето на спиење со шминка, а потоа пушењето и неумереноста со алкохол. Пушењето и изложеноста на UV зраци го ослабуваат колагенот и предизвикаат опуштање и збрчкување на кожата, а тоа предизвикува формирање на темни кругови околу очите.
Лековите ги бришат алергиските подочници
Ако сте алергични на полен, земајте антиалергиска терапија. Со отстранување на алергиските подочници може да ви помогнат неседативни лекови за алергија кои можете да ги купите во аптека без рецепт.
Со перење на носот истерајте ги течностите
Течноста која се насобира поради алергија, зачепени синуси или настинка, можете да ја „истерате“ со помош на мал уред кој изгледа како мал чајник, а служи за перење на носната шуплина.
Креми кои бришат темни дамки
Креми кои содржат хидрокинон или којиќна киселина ќе ги осветлат темните агли околу очите, па ќе ги намалат темните подочници. Сојузници во борбата против подочниците се и кремите со кофеин кои ги стеснуваат крвните адови.
Проверете дали темните кругови се вишок пигмент
Ако ја потегнете кожата на страна, а темните кругови се претвораат во дамки, тоа значи дека прилина за проблемот е вишок на пигмент во подрачјето околу очите, вели офталмолошкиот пластичен хирург Џозеф Евиатар. Темните кругови се создаваат и поради губење на волуменот во подрачјето околу очите. Подочниците се главни виновници за „комплиментите“ од типот „изгледаш уморно и исцрпено“. Па поради тоа, објавете им војна



