И двете имаат 44 години. Се запознале на аџилак и се заљубиле.Две поранешни калуѓерки денес склопиле граѓанско партнерство во градот Пинероло, северозападна Италија. Иако обредот бил закажан за четврток, поместен е за ден претходно за да се зачува идентитетот на жените, бидејќи информацијата за нивната венчавка искочи во медиумите, објаснува градоначалникот Лука Салваи кој го водел обредот.
Италијанското списание „La Stampa“ пишува дека станува збор за две поранешни калуѓерки од редот на Франциско – Изабел од Латинска Америка и Федерика од Италија.
И двете имаат 44 години. Се запознале на аџилак и се заљубиле. Изабел има само туристичка виза за престој во Италија, поради што целиот процес за влез во „брак“ морал да се забрза.
„Бог сака луѓеро да бидат среќни и отворено да уживаат во својот љубовен живот“, вели поранешната калуѓерка Изабел.
„Ја повикуваме нашата црква да ги прифати луѓето кои се сакаат“ – додава Федерика.
„La Stampa“ пишува дека Франко Барберо, свештеникот отпуштен од црковната служба во 2003 бидејќи подржал истополов брак, ќе треба да ја благослови заедницата на Изабел и Федерика во неофицијална верска церемонија. Само оваа година, венчал 19 двојки од ист пол.Две поранешни калуѓерки денес склопиле граѓанско партнерство во градот Пинероло, северозападна Италија. Иако обредот бил закажан за четврток, помес



