Во брак сум веќе 29 години и никогаш со својот сопруг не сум доживеала оргазам. Десет години лекување неполодност, бременост, раѓање на синот во 47-мата година, постпородилен стрес, влегување во менопауза… Ништо од тоа не ми помогна.Во еден миг одлучив. Мора да се фокусирам на сопственото задоволство и очигледно е дека мора да работам на тоа и тоа многу.
Почнав да истражувам. Да читам за оргазмот. Како се постигнува, дали може да се извежба, кои пози ќе ми помогнат… Голтав сѐ на тема женски оргазам. А тогаш го најдов и онлајн училиштето во кое се учи како да постигнете оргазам. Замислете!
Да, постои, училиште за оргазам (Finishing School) каде буквално се учи за тоа како да се доживее оргазам, прво со самозадоволување, а потоа и со партнерот. Сите веднаш ги испробав. Курсот трае девет недели, а го води признаената брачна и сексуална терапевтка Ванеса Марин.
Решив да пробам. Бев убедена дека тоа може да ми помогне затоа што се фокусира и на физичката и емотивната страна на доживувањето на оргазмот. Сакав да ми помогне.
За тоа дека ќе одам на курс не кажав никому. Фактот дека правам нешто важно за себе и само поради себеси прилично ми даде сила. Курсот е поделен на три дела. Првиот би можел да се нарече 1001 оргазам, а се знаимава со истражување на телото и емоциите врзани за сексуалноста.
Овој дел физички и ментално ме подготви за она што следеше. Правев нешта што никогаш не сум го правела порано. Говорев за сопствените емоции и го испитував сопственото тело. Ја гледав, да речеме, својата вагина во огледалото и да, на 58 години ми беше убаво додека го правев тоа…
Иако израснав во време кога за сексот не се говореше многу, со мастурбацијата никогаш немав проблем. Некогаш сама со себеси без проблем постигнував оргазми. Но, откако го родив детето за мене оргазмот стана минато.
Вториот дел од курсот се однесуваше токму на тоа. Да го запознаете сопственото тело и да спознаете како тоа работи за вас, да го придивижите.
А што значи тоа конкретно? Значи, раката на клиторисот, лево, десно, горе, долу, напред, назад… Немав поим колку само начини за стимулација на клиторисот има. И менување на позите. Во целост е поинакво чувството кога тоа го правите стоејќи, седејќи, кога ќе ги кренете нозете, ќе ги спуштите, испробајте сѐ!
Два пати неделно имав домашна задача, да мастурбирам. Тоа, секако, го правев кога сопругот и синот не беа дома.
Мошне е важно да бидете добро расположени во тој миг. Ако не се чувствувате секси, облечете нешто предизвикувачко, одгледајте некој секси видео клип, направете нешто поради што ќе се чувствувате подобро. Јас го правев тоа, затоа што оргазмот беше мојата мисија. Ако го нема, тогаш нема врска.
Дојде времето за третиот дел од курсот. Тогаш во својот експеримент го вклучив и сопругот. Секако без негово знаење. И може да ви кажам имаше огромен напредок во нашиот сексуален живот. Дотогаш за нашиот сексуален живот размислував во тишина, а тогаш и со него почнав да разговарам за тоа. Имав доволно самодоверба да му кажам каде да ме допира, дали да забрза, да забави…
Моите сугестии делуваа стимулативно и за мене и за него. Промените во моето доживување на сексуалноста се однесуваа на сите сфери од мојот живот. Забележав дека дури и со гинекологот разговарав поотворено.
Конечно сфатив дека сексот и секуалноста се нешто сосема нормално, дека тоа е широко поле што треба да се истражи и дека не треба да се срамам што говорам за тоа.
Набрзо, оргазмот беше тука.Во еден миг одлучив. Мора да се фокусирам на сопственото задоволство и очигледно е дека мора да работам на тоа и тоа многу.
Почнав да истра