Kрвен притисок – Симптоми кои кажуваат кога е опасно висок и како да го намалите?

Висок крвен притисок е состојба кога крвта тече низ вените и артериите повисоко од нормалниот притисок, исто така познат како хипертензија, е болест која е се почеста во последниов период. Постојат два различни притисоци: првиот систолниот е крвен притисок кога срцето чука додека пумпа крв, а другиот дијастолниот притисок, кога срцето одмора. Ниво на крвен притисок
Нормален: 120/80
Прехипертензија: 120-139 / 80-89
Фаза 1 висок крвен притисок: 140-159 / 90-99
Фаза 2 висок крвен притисок: 160 и повеќе / 100 и повеќе
Симптоми на висок крвен притисок:
Главоболки
Несвестица
Зуење во ушите
Болка или слични сензации во градите
Недостаток на воздух
Чувство на забрзана или немправилна работа на срцето
Високиот крвен притисок го зголемува ризикот од опасни состојби како што се:
Хронична срцева слабост
Проблеми со меморијата
Проблеми со очите
Аневризма
Мозочен удар
Метаболен синдром
Храна која може да го зголеми крвниот притисок :
шеќер
Храна со голем број на натриум
алкохол
кофеин
Транс-масти и омега-6 масти
Храна која го лечи високиот крвен притисок:
Храна богата со растителни влакна: основата на секоја здрава исхрана е храната богата со растителни влакна, како што се семиња, грав, зеленчук и овошје, особено ако сакате да се намали крвниот притисок.
Бел чај: Консумирањето на бел чај неколку пати на ден, кој ја разредува крвта и ги подобрува артериите, всушност може да го намали крвниот притисок и да го заштити организмот од мозочен удар. Тоа делува само ако го пие неколку пати на ден, секој ден.
Омега-3 богата храна: за да се намалат воспаленијата, употребувајте омега-3 храна како што е дивиот лосос, лено семе и Chia семе.
Храна богата со калиум: исхраната богата со калиум е важен дел од контролирањето на крвниот притисок, бидејќи ги намалува негативните ефекти на натриум во телото. Калиумот помага во намалување на крвниот притисок. Храни богата со калиум се банани, авокадо, кокос, лубеница.
Темно чоколадо: тоа е здраво чоколадо и оние што содржат најмалку 200 милиграми на какао феноли, моат да го намалат крвниот притисок. Медитеранска исхрана: Оваа диета е многу висока во морска храна, зеленчук, овошје и здрави омега-3 масни масла. Оваа диета ќе ви помагне во намалување на крвниот притисок по природен пат.
Јаболков оцет: тој е богат со калиум помага вашето тело да го задржи алкалното ниво кое го намалува крвниот притисок, се разбира.
Како да го намалите крвниот притисок по природен пат? – Погледнете на следната страна:

 
За почеток би требало да се одржува здрава телесна тежина, а потоа почнете да ги практикувате и овие 11 навики кои ќе ве ослободат од овој здравствен проблем.
1. Физичка активност
Вежбите му помагаат на срцето квалитетно да го користи кислородот, па нема да му треба толку тешко да ја умпа крвта. Занимавајте се со било која кардио вежба, макар секој втор ден по 30 минути, а тоа може да биде брзо одење, трчање и сл.
2. Дишете длабоко
 Бавното дишење и вежбање јога го намалува нивото на хормонот на стрес, ког го зголемува нивото на ренин, ензим на бубрезите кој го зголемува крвниот притисок.. Обидете се да медитирате барем 5 минути навечер и наутро: дишете длабоко, така што стомакот ќе ви се рашири што повеќе, а потоа издишете и ослободете се од напнатоста.
3 Внесувајте калиум
Внесувањето на калиум преку овошје и зеленчук е многу важно во природниот процес за намалување на крвниот притисок. Намирници кои обилуваат со овој минерал се: компири, домати, сок од портокал, банани, грав, грашок, дињи, сливи и суво грозје.
4. Внимавајте со солта
Многу луѓе патат од висок крвен притисок бидејќи се пречувствителни на натриум, односно сол. Но, бидејќи не постои тест кој би открил дали тоа е случај и со вас, секако би требало паметно да го употребувате овој неизбежен зачин. Потрудете се дневно да не внесувате повеќе од 1500 мг сол (пола лажиче содржи околу 1200 мг)
5. Јадете црно чоколадо
Со една студија потврдено е дека кај 18% од пациентите кои секој ден јаделе црно чоколадо, забележано е подобрување на состојбата на крвните жили. Консумирајте 10 – 15 гр дневно црно чоколадо.
6. Кафе без кофеин
Некои студии покажале дека консумирањето 500 мг кофеин дневно ја зголемува хипертензијата, вели авторот на студијата Џим Лане.
7. Пијте чај
Учесници во студијата кои пиеле по 3 шолји чај од хибискус дневно го намалиле за 6 недели систолниот (горниот) крвен притисок за 7. додека оние кои добивале плацебо имале за 1 посто понизок притисок.
8. Работете малку помалку
Доколку неделно работите повеќе од 41 час, имате 15 посто поголем ризик да заболите од хипертензија, ако може да и се верува на големата студија на Универзитетот во Калифорнија Ирвин. Можеби е тешко да се работи помалку, но обидете се барем да одвоите еден час време за вежбање и да јадете здрава храна што почесто.
9. Опуштете се со музика
Со студија е утврдено дека доколку слушате музика во траење од 30 минути дневно со бавно дишење може да го намалите горниот притисок за дури 3,2 за една недела, а за месец дена за 4,4.
10. Ослободете се од рчењето
Време е конечно да го послушате партнерот и да престанете да рчите, бидејќи гласното рчење е еден од главните симптоми на опструктивна апнеја. Оние кои патат од ноќна апнеа имаат повисоко ниво на алдостерон, хормон кој го зголемува крвниот притисок.
11. Консумирајте соја
Американско здружение на кардиолози објави доказ дека замената на рафинирани јаглехидрати во соја или млечни протеини, како што се оние од ниско-масни млечни производи може да го намалат горниот притисок, освен ако патат од хипертензија или се во состојба на предехипертензија.Ниво на крвен притисок
Нормален: 120/80
Прехипертензија: 120-139 / 80-89

Пронајдете не на следниве мрежи: