Лукот е редовен гостин на нашите трпези, но и намирница кон која често посегаме при настинка и грип. Во народот е познат како природен антибиотик, а дека навистина е лековит потврдуваат и експертите.Лукот своите лековити својства ги има благодарение на моќниот спој алицин со кој оваа билка се брани од напад на бактерии и габи. За на најдобар начин да го искористите благотворното делување на лукот, би требало често и правилно да го консумирате.
1. Пред консумирање задолжително згмечете го за да ја поттикнете ензимската реакција во која настанува алицинот.
2. Секој ден би требало да изедете најмалку 3 чешниња лук.
3. Најдобро е да се консумира суров.. Ако термички го обработувате, тоа нека биде кратко – не повеќе од 10 минути.
Многумина избегнуваат да јадат лук поради неговиот силен мирис. Проблемот со непријатниот здив после јадење лук може да го решите со џвакање на лист од магдонос или зрна кафе.Лукот своите лековити својства ги има благодарение на моќниот спој алицин со кој оваа билка се брани од напад на бактерии и габи. За на најдобар на



