На една мајка од Оклахома ѝ се заканува казна затвор откако е откриено дека се оженила со својата родена ќерка! Полицијата открила дека претходно била мажена за својот син.Патрисија Сапен се земала со својата ќерка Мисти Спен во март оваа година, а се дознало и дека пред шест години била во брак со својот син Џоди.
Патрисија имала три деца, два сина и една ќерка која ѝ е одземена поради занемарување на родителските должности. Откако повторно добила старателсто над еден од синовите, таа го однела кај матичарот и се омажила за него.
Година потоа, синот Џоди поднесол барање за поништување на бракот наведувајќи дека се работи за инцест.
Пред две години во куќата на оваа мајка се вратила нејзината ќерка Мисти, со која Патрисија отпочнала љубовна врска. Тие двете се венчале во март оваа година, а матичарот одобрил бидејќи во кршетеницата никаде не пишувало дека Патрисија ѝ е мајка.
Нивната болна врска ја откриле припадниците од Центарот за социјални работи во август оваа година.
„Мислев дека сѐ е во ред да се венчам со нејзе, бидејќи во документите никаде не пишува дека сум ѝ биолошка мајка“ – рекла мајката Патрисија на сослушувањето.
Полицијата им одреди притвор со кауција од 10.000 долари. И понатаму се нејасни мотивите на оваа болна врска и за тоа дали имало физички однос помеѓу Патрисија и нејзините деца.
Во секој случај американскиот закон браковите со деца ги третира како инцест, без оглед дали имале односи во бракот или не.
Патрисија Сапен се земала со својата ќерка Мисти Спен во март оваа година, а се дознало и дека пред шест години била во брак со својот син Џоди.