Течно злато: Само 1 лажица маслиново масло дневно, прави „чуда“ за организмот!

Маслиновото масло се користи од дамнешни времиња за многу цели – од здравје, преку нега па се до исхрана.Тоа што маслиновото масло го прави супер храна е високото ниво на мононезаситени масти, посебно олеински киселини и разни антиоксиданси.
Еве поради што секое утро треба да консумирате 1 лажица маслиново масло:
Антиканцерогено дејство
Својствата на екстра девственото маслиново масло се од помош против неколку видови на рак. Кога се правени истражувања, најдобри резултати се покажани во случаите на рак на дојка и дигестивните органи.
Деменција
Една од причините за Алцхајмерова болест е зголемена акумулација на бета-амилоид во мозокот. Тим експерти од Универзитетот во Луизијана во Монро, открија дека олеоканталот, соединение кое се наоѓа во екстра девственото маслиново масло, има моќ да го контролира нивото на бета-амилоид и значително го зголемува неговото чистење.

 

Шеќер во крвта
Екстра девственото маслиново масло покажало способност да ја намали појавата на дијабетес. Неговото консумирање може да биде од помош при лечење на дијабетес тип 2.
Крвен притисок
Една студија објавена американско стручно списание, покажало дека учесниците со висок крвен притисок, на крајот го намалиле внесувањето на лекови, што се должело  на консумирањето на 30-40 g екстра девственото маслиново масло секое утро.Тоа што маслиновото масло го прави супер храна е високото ниво на мононезаситени масти, посебно олеински киселини и разни антиоксиданси.
Ев

Пронајдете не на следниве мрежи: