Го замолив другар ми, мојата приказна да ја сподели на Reddit, коментарите беа и позитивни и негативни. Но, без оглед на тоа јас морав така да постапам. Еве за што се работи…Мојата жена и јас, бевна навистина добар примерен пар. И двајцата вработени, добро платени, со куќа и две деца, добар друштвен и сексуален живот, се додека не влеговме во бурен период.
Не можев да замислам дека тоа ќе ме кошта брак. Двајцата работевме прекувремено, а синнот имаше некои пречки во развојот. Чувствував како се оддалечуваме. Таа одеднаш почна цело време да го поминува денот дома постојано чепкајќи на телефон. Рече дека разговара со пријателката.
Не го сфатив тоа како закана, додека не го земав iPad-от на мојот син, кој таа го користеше. Заборавила да се одлогира од Фејс и слободно можев да и ги прочитам пораките. Имаше што да видам.
Веќе некое време се допишувала со некој маж. Ме исмејуваа, му ги открила моите тајни, рекла дека не сум добар во кревет… Многу пораки беа избришани, но сепак ми беше веќе јасно се.
Се почувствувам ужасно. Следниот ден, земав слободен ден и се опијанив и почнав да размислувам што да правам. Вечерта пак и го земав iPad-от. Пишуваше „Те сакам“. Тогаш сфатив дека со нас е готово.
Тие се договорија да се најдат за две недели во еден хотел, а таа утредента веднаш ми соопшти дека се договорила да оди со пријателката на викенд.
Две недели агонија. Веднаш отидов на адвокат да среди документи. Отидов во банка и ги повлеков половина од парите. А платата ја префрлив на моја сметка.
Дојде денот. Го испринтав целиот нивни разговор и отидов во хотелот каде што престојуваа. Се јавив на рецепција и се јави тој.
Му реков мојата жена да се симне долу, или јас ќе и се јавам на неговата.
Таа се симна и почна да лаже. Само и ги дадов документите и реков дека ќе ги земам децата и таа мора веднаш да се исели од дома.
Знам дека е сурово, но морав така да постапам.Мојата жена и јас, бевна навистина добар примерен пар. И двајцата вработени, добро платени, со куќа и две деца, добар друштвен и сексуален живот, с