ИЗБЕГНУВАЈТЕ ја оваа храна ако планирате да одите на плажа!

Затоа што создаваат гасови, подуеност, како и проблеми со варењето и метаболизмот, овие намирници најдобро е да ги избегнувате пред одење на плажа.Праски и сливи
Цврстото овошје како праски и сливи се одликуваат со шеќерни алкохоли кои може да ферментираат и да предизвикаат надуеност и гасови.
Мешункасти плодови
Веќе добро знаете дека гравот, сојата и грашокот предизвикуваат надуеност и дополнителни гасови во стомакот.
Брокула и карфиол
Овој зеленчук потешко се вари во малите црева, а тоа се должи на недостатокот на ензими. Тоа значи дека кога зеленчукот ќе стигне до големите црева, бактериите во тој дел на стомакот може да предизвикаат гас и надуеност при варење на храната.
Мастика за џвакање
Џвакањето мастика предизвикува да вдишувате повеќе воздух кој се задржува во вашиот организам и предизвикува да сте надуени и да имате повеќе гас во стомакот. 
Газирани пијалоци
Меурчињата во минералната вода или соковите се задржуваат во вашиот стомак и предизвикуваат надуеност.
Сол
Претерувањето со солта може да предизвика водата да се задржи во телото и да предизвика надуеност.
Пржена храна
Маснотијата во пржената храна се вари многу бавно и предизвикува подуеност и тешкотии во стомакот.

Пронајдете не на следниве мрежи: