До пред неколку години, сега 31-годишната Клер Кроутерс тежела 90 килограми, а нејзиното дневно мени се состоело од нездрава храна и полуготови јадења, бидејќи работела како акушерка и нејзиниот распоред не ѝ овозможувал да најде време за здрав режим на исхрана.За среќа, доаѓа моментот кога таа одлучила дека е време целосно да го промени начинот на живот и решава драстично да ослабне.
Всушност, нејзината одлуката е диктирана не само од фактот дека не може да се погледне во огледало без да се расплаче, но и од предлогот за брак од страна на нејзиниот партнер Стефан.
Клер го одбива саканиот и му вели дека ќе се венчаат, дури кога ќе дојде до фигурата која сака да има, бидејќи е категорична дека нема да оди кон олтарот со „изглед како огромна крава.“
И така, Клер менува лошите навики во исхраната и почнува да посетува теретана, а како резултат за 10 месеци симнува 25 килограми. Сепак, ова не е доволно за Кроутерс и таа почнува да комбинира посети во салата со кондиционо вежбање и продолжува да ја почитува строгата исхрана.
Клер симнува уште 13 килограми во следните месеци, но уште поважно – оформува тело со убава мускулатура. Нејзиниот партнер Стефан исто со неа ја посетува теретаната во текот на целата година, поради што и тој видливо го менува својот изглед.
И така постигнале визијата за која секогаш сонувале. Одлучиле дека е време да си кажат „ДА“ и се венчаваат на романтична церемонија пред очите на блиските и пријателите.
За среќа, доаѓа моментот кога таа одлучила дека е време целосно да го промени начинот на живот и решава драстично да ослабне.
Всушност, неј