Фитнес блогерката Тифани Брајан објавила фотографија од својот, како што вели, лош ден и тоа во намера да им покаже на девојките да размислат за своето тело.Тифани објавила две фотографии кои се сликани во растојание од 12 часа. На фотографијата сликана пред спиење стомакот и е надуван, додека на фотографијата сликана откако се разбудила стомакот и е рамен.
„Не изгледаме сите онака како што се претставуваме на социјалните мрежи. Одлучив да ги споделам овие фотографии со вас за да ви покажам дека никој не е совршен и дека е во ред да имате лош ден. Девојки не се грижете, ова им се случува на сите“, напишала таа покрај фотографијата.
Таа навела дека недостатокот на сон, стресот, хормоните, интолеранцијата на храна се заслужни за нејзиниот голем стомак, а како што вели, со тоа се бори веќе со години.
„Стресот е убиец. Секој мој ден е исполнет и многу стресен. Ја сакам својата работа и не би ја менувала, но морав да пронајдам некој вентил по напорниот ден во канцеларија. Јога, прошетка со кучето, или само лежење со некоја добра книга, сето тоа може да биде добра терапија. Јас не сум совршена. Всушност, јас сум километри оддалечена од тоа да можам да бидам нечиј пример кога се работи за изгледот. Сите ние имаме свои слабости. Денес знам што правам погрешно и знам како можам да го променам тоа. Се трудам да спијам повеќе, да јадам правилно и веќе гледам напредок“, рекла блогерката и додала дека на тој пат константно ќе објавува фотографии и ќе ги споделува своите цели со луѓето.Тифани објавила две фотографии кои се сликани во растојание од 12 часа. На фотографијата сликана пред спиење стомакот и е надуван, доде
Пронајдете не на следниве мрежи: